Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

Нарачан пост?

Па мме, сега ли најдоа да се тепаат во Собрание, а ги чекаме, ги чекам едно 16 години да се испокол/вa/ат и да не рајатисаат?!
Шо не се степаа кога се пукаше 2001-вата, а? Замисли, тогаш не се тепаа во собранието, тогаш беа конструктивни, свесни за сериозноста на ситуацијата, молим ти се лепо. А сега бе? Сега кога треба само да измолчиме и да го дочекаме тоа самитот во Романија и да го решиме живуркањево заветени за НАТО-та, шо не си седевте сега мадро, а?

Овде пак, да му е срам на човек да каже дека е блогер. Ајде реков да почекам да се соберат впечатоците и да легне некоја прикаска, ко тоа… ништо.
Слушам и читам низ блогосферава безвезни патетики и квази-политички наклонети текстови и просто не ми се верува колку лесно успеваат да се заплеткаат во матрицата ова блогеричкиве накиснати. Те Грујо е крив, те Рада да се беси, те Бранче кур го боли се шета таму по Њу Јорк рака под рака со Керим. Tе овај го згазнал а оној заменик пендрекот го потпуцнувал по нозе, те Војводата со својот саркастичен осмех (ме здрви мме кога го гледав првиот пат) се обидува демек да разговара со некој командант Шољи-Мољи или како ли беше. Абе бучкуруш. Ама и онака везе нема, имуни се тие на буричканции и кашакурници, а овде ние загрижени ќе ја оправиме работата попушуваќи им на некои таму вратоврскосани будали ќе чекаме да не викнат за портпароли за ветар и ланчање мадина. Еден е Боцевски бе, кај курац сега сите ќе прпелкаме од скут на скут, ало!. Не оди тоа така, нцк… за тоа треба здраво дудлање!

Ми се снеарнува од немањето на муниција (овде низ блогосферава) за да спукаме за вистината, за летаргичноста и безкичмењачењето со кое се занимаваат некои интелеКУРални политички амбициозни ликови. Сета среќа што немам многу време да лаам како порано, па како што тргнале вака со шамарање на новинари среде Собрание и пред камери, мене како на блогер мамето мамино ќе ми го расплачат.

И зошто велам сега најдоа да се тепаат, ама овај пат го велам тоа од себични причини?

Абе… !
Година и пол ми требаше да се научам тро од тро од ова компјутериве и да отворам блог. За тоа време ме затепаа стечаи, малери – шо ти не. Не знам како куртулив да не ме избрка женами од дома оти трошам, а не носам. Се мачев како слепец да внесам некоја свежина (овде со блогов) и еластичност во допирање на некои работи – кои оставени или поточно претставени како дотогаш беа/се жива досада. И таман се решив нешто арно да зафатам – демек некоја пара да завртам (оти се ветија спонзори) и да го уновчам очикапењето на интернет со тоа што (со уште еден сличен ко мене) ќе отворам сајт каде рајат ќе какам и сето тоа не за џабе, овие – политичариве мајчини, го узурпираа цел нет простор истиот ден кога решивме да го промовираме сајтот. Види сега скапана работа, не е секое чудо за три дена, ами се влечат бе со денови по медиумов! Таман мислев дека ќе мине дента со тепачката, другиот ден тоа полицајците – неписмени, претепаа некој новинар ни крив ни должен.

Го виде ли некој тој режисерот каква актерска умешност покажа кога се појавуваше пред новинарите сиот озарен и вика: – Јеееееее….!!!
Како немав блог тогаш бе , сега е изветвена работа да пишувам за претседателските избори кога се скандираше:
– ЉуБчо, Љубиша!… ЉуБчо, Љубиша!…
Помина многу време за да испари урината, а панталоните трпат историски флеки зашто има хемиско чистење. Ама сеќавањата не трпат, барем не уште.
Како добро би ми легнал еден детергент против фекално-орално испирање на сè што ми лежи на душа и на јазик, или еден дебилоксин-идиотисан за да не се сеќавам на ништо од претходниот ден/месец/години, па да си се разбудам како дете со свеж здив и по можност – не овде.
…Ама курац, пак тука ќе скиснам со вас секое утро, таков беден на јазик и проС!

Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

Би можело да те интересира:

Коментирај со Фејсбук:

2 Responses so far.

  1. admin says:

    #
    kocanec напиша:

    те жалам што ќе скиснуваш со нас… ама братче и ние сите со тебе сме за жалење… сонот што сакаш да го сонуваш, нема да ти биде оваа вечер…
    изгледа за таков сон кревет немаме…
    29 Септември, 2007 – 09:16 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Посоветуван од еден правен експерт (а и сигурен дека има еден многу респектиран од мене блогер а парламентарец), избришав една реченица со директна пцовка… Зашто уште тужба ми недостасува. Ајт и онака ништо не менува
    Е немаме кочанец, не ни даваат.
    29 Септември, 2007 – 09:31 | избриши | одговори)

    #
    Fljambur напиша:

    ribar,абе шо се дегажириш до толку
    тоа сето ти е апаш до апаш таму ….
    знајш,качаците се најопасни во залез
    (кога им е разнишано арамиското гнездо)
    ама топ-нет е на изгрев

    ај сеа останими со добрамисла
    29 Септември, 2007 – 10:14 | избриши | одговори)

    #
    ЛУДА ГЛАВА напиша:

    ти не се нервирај посабајлечки Smiling Smiling Smiling Smiling
    а што си се мачел да пишуваш работи што те нервираат кога јас ова не го нарачав? Eye-wink Smiling Smiling Smiling Smiling
    29 Септември, 2007 – 11:03 | избриши | одговори)

    #
    oksimoron напиша:

    Нарачан,а? Smiling Smiling Smiling
    Јас сум за тоа да им се даде по еден службен револвер на сите парламентарци, и бришан простор зад собранието па сите проблеми да ги решаваат таму, кога веќе неумеат поинаку Eye-wink ОК Корал на македонски начин, де Smiling
    29 Септември, 2007 – 12:21 | избриши | одговори)

    #
    волан напиша:

    Нарачани текстови … па другарче кога веќе спомнуваш спонзори … тие џабе не спонзорираат тие “нарачуваат“ … така да мисли му ја сега со твојата “независност“ …

    Поздрав пријателе.
    29 Септември, 2007 – 12:37 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Овој пост Волан пријателе, е нарачан од народот, па затоа ако не забележа има прашалник во насловот.
    Фљамбе, појма немаш колку ми недостасуваш во муабетиве и не само мене ете и братот Џам дури и те спомна!
    ЛГ, што да ти кажам ме одри некоја одговорност Smiling
    Окси, а да им одредиме и време, на пример: Точно на пладне, за случајно ако се испишманат да ги отепа народот или сонцето Smiling
    29 Септември, 2007 – 13:12 | избриши | измени | одговори)

    #
    АНАРХИЈА напиша:

    МОЕТО ИСКРЕНО СОЧУВСТВО РИБАРе, иако веќе сум сигурен дека не заслужуваш искреност.
    Кога еднаш се обидов со почит од ништо неусловена да ти укажам и колку толку да те потсетам дека БЛОГИРАЊЕТО НЕ ТРЕБА ДА ОСТАНЕ ПРАЗНО ЛАПРДАЊЕ И ПРАЗНЕЊЕ НА ФРУСТРИРАЧКИ (оправдан) БАГАЖ А СО ТОА ДА ТЕ ПОВИКАМ И КАКО НЕКАКОВ АВТОРИТЕТ ОВДЕ ДА ПОКАЖЕШ ПОГОЛЕМА ДОЗА НА СЕРИОЗНОСТ Ти најде за потребно да ги браниш од мене твоите пријатели на блогот кои демек јас неоправдано сум ги напаѓал или сум бил непристоен кон нив.
    Во знак на освета во тоа име изнајде начин да ме казнуваш со тоа што ќе го откриваш мојот идентитет и кога никој не те прашуваше тоа.
    И пред да се фрлиш на смислување соодветна казна за овој мој коментар пријателски те советувам пред тоа да препрочиташ барем 1/10 од моите коментари на блогерајот та белки ќе сватиш дека моите намери секогаш беа и ќе бидат конструктивни и поттикнувачки кон оние блогери кои имаат барем минимум капацитет да резонираат -БЕЗ ПРЕДРАСУДИ.
    29 Септември, 2007 – 13:26 | избриши | одговори)

    #
    АНАРХИЈА напиша:

    П.С.
    Дека понекогаш беше неопходно да се користи и потврда реторика за да се пласира одредена поента ТЕБЕ треба да ти е појасно многу подобро од кому било другому на блогерајот.
    ЗАРАДИ ПРИРОДАТА И ПЕРФОРМАНСИТЕ НА МЕДИУМОТ.
    29 Септември, 2007 – 13:32 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Анархија.
    Не знам зошто не можеш да сватиш дека ти ги разбирам намерите, но не се гаѓаме во начинот на остварувањето на целта?
    Не знам зошто не сваќаш дека не сакам да се надмудрувам, туку само си го кажувам тоа што го имам?
    Не знам пак, од друга страна, зошто имаш потреба да пишуваш под милио никови кога веќе сите знаат кој си? Еве, кажими, како би се однесувал Ти спрема некој кој упорно и по потреба си го менува „идентитетот“? Не ли е тоа јасен индикатор на криза или пак сакаш да доведеш во заблуда дека има такви повеќе – истомисленици?
    Нели е тоа логичен заклучок?
    И не очекувај да ти вратам уште една контрареплика, зашто како што впрочем имаш забележано, секогаш оставам твојата реплика да биде последна.
    29 Септември, 2007 – 13:53 | избриши | измени | одговори)

    #
    АНАРХИЈА напиша:

    МАЛО ПОТСЕТУВАЊЕ РИБАРОТ РЕКОЛ: Ако не грешам душа мислам дека го открив идентитетот. Ако си ти „патникот“, моја пријателска препорака до тебе е да се воздржиш од откритие на идентитетот. Мислам дека блогерајов не е дораснат(сеуште) за твојата вистина. Чувсвувам дека имаш огромна потреба да се одскриеш, но мислам дека „Хамлет-хм“ е малку експониран во блогосферава досега. Малку ставови имаш кажано во блогот. Блогот не открива ништо за ставот на авторот зашто има напишано само еден пост кој повеќе е прашање од заклучок. Мислам дека ме разбираш што сакам да ти кажам… Да не лутам сега беспотребно.. Кажими дали го погодив идентитетот „е мој професоре“, ако не, тогаш прости и ќе трагам повеќе. пс: Прости на избрзана констатација, но младоста не ми дозволува ништо друго. (…) ппс: уствари и не сум толку млад 29 Септември, 2007 – 13:56 | избриши | одговори)

    #
    sashozs напиша:

    А бе другарче Рибар. А бе, мме нивно јас… Дека плукавме и се буневме и…. вејче 16, еееееј 16 годинииии… шо напраефме? Де едните биле, де другите биле криви/власт/опозиција (одвери сам, ама најубо сите три).. Тие упорно си се во парламент, на телевизија ни пра филмој како се закосени, а таму во собраниското бифе заедно пија кафе и договараат бизниси, си ги полна џебојте… Уствари, изгледа ги пробафме сите опции освен една. ДА ГИ ИГНОРОРАМЕ! Боли бе брат. Ако зборуваме арно, арно им иди. Ако зборуваме лошо, не им е арно, ама сеуште се актуелни. Ако ги баталиме…?! Мене ми е исто бе. И едните и другите, се тепале, не се тепале. Исто ми е како лани, лани ми беше исто ко 2003, а тогаш исто ко 2001, во 2001 ми беше исто ко 1998… Шо тебе различно ти е? И тогаш го крпефме живото и сега… А бе брат, комплетен IGNORE му мавнаф на сите! И че ги тргнам од IGNORE ко че биди минимална плата во државава 500 евра (сума шо сметам дека е минимум за нормален живот, да платиш кирија, сметки, да се подновиш нешто во месецо, да јадиш ко чоек и да излезиш на едно кафе во викенд и да ти стаса таман до наредната плата). А дури земаме плата на 1-ви и ни трај до 3-ти, па после се стегаме до следнио 1-ви, нигде не сме. Ај претераф, че го напрам коментаро поголем од посто, а не е културно 🙂 Ова рајат уз кафе се прај муабет, не вака… Поздраф и нека се искол/ва/ат, ко шо велиш. Само то е THE ULTIMATE SOLUTION. 🙂 29 Септември, 2007 – 14:33 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Сашозс, не можам да ги ставам на ИГНОР, па колку и да сакам. И не ми е исто, полошо ми е, со текот на годините.
    Поздрав.
    29 Септември, 2007 – 19:38 | избриши | одговори)

    #
    Бунка напиша:

    Дечки, ај малку побрзо бе! Се утепав чекајќи да нарачам нешто! Ти што кафана ќе беше…сменете ги келнерите…. Sticking out tongue

    За мене два поста и еден коментар ќе нарачам…
    2 Октомври, 2007 – 18:30 | избриши | одговори)

    #
    nema напиша:

    честам линк за топнетот…да го крадам банерот или ќе дадеш хатемелче Smiling
    4 Октомври, 2007 – 19:28 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Bunka, нарачката е примена услугата е Охридска, па рачунај сега Cool
    Slejv, гледам си завршил работа, а кога ќе го извадиме од бета го добиваш хтмл-от од новото лого. Фала за честалото друже! Ни значи многу, посебно сега кога сме на почеток. Smiling
    4 Октомври, 2007 – 20:33 | избриши | одговори)

    #
    dr. Max напиша:

    За мене 10 линка и 1 банерче, може ? Скромна нарачка е ова…
    5 Октомври, 2007 – 01:11 | избриши | одговори)

    #
    rus напиша:

    Не се нервирај пријателе, не вреди. 5 Октомври, 2007 – 14:10 | избриши | одговори)

    #
    OGI SINKO напиша:

    Jaнe, куре на бате.
    Ве гледав тројцата.
    Сите ми бевте срцувциња.
    Честито и тоа новото.
    Реши да станеш пак директор.
    Нека е за арно братче.
    7 Октомври, 2007 – 03:20 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Докторе договорено.
    Рус, знам бачо ама не се бега од себе
    Син ми, од судбина не се бега. Некој цар, некој без-дар. Smiling
    8 Октомври, 2007 – 10:29 | избриши | измени | одговори)

  2. Butch says:

    At last, sonmeoe who comes to the heart of it all


Sponsors

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива