Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

Мојот rock friend Горан

Јануари (не ми текнува сеа датумот точно) 2005г.

Концерт на REM, Белград – Сајмиште. Студи кочан, а и снеже прска од лутина. Во автобусот со кој тргнавме од Скопје идеше и еден од младиве владици (да не не сака да му го споменам името?) и шо знам, тоа ми даваше чувство на спокој?! …Хм… тоа чувство и ден денес не можам да го објаснам, но како и да е…

Само што стасавме после 8 часа малтретирање во автобусот и таман имавме некој саат да го разгледаме Белград, ко Горан, ја изваде картата на град Белград и се попули минута две и ми вели:
– Сега треба да фатиме (лупам без веза) автобусот 67, па да се прекачиме на 103-ка па отаму со такси да стасаме на улица (пак лупам) Вренцислав Лички…

Му се пулам бледо и скоцкан, кај од седење во автобусот, кај од студ и го прашувам:

– А, кај че одиме бе Горан?
Да го купам Алан Форд бр. 128, ама ова ти е вонредно издание, ги имаше само 100 броја во цела Југославија – ми вели.
Си подголтнав, влегов во автобусот, па потоа и во другиот и … се молев да стасаме на концертот на време.

Горан има 42 години, стотина концерти зад себе низ цела Европа, илјадници ЦД-а и уште толку плочи, архивирана стрипотека… и што е најважно – НЕ Е ИЗМИСЛЕН, Горан живее во Штип.

Сигурен сум дека овде на блогосветов има илјадници „Горани“, но ова е мојот rock friend од Штип и го ПОЗДРАВУВАМ.

пс: Концертот беше лудница, два часа обоена журка од десетина илјади подзинати, и препотени,  ама ми се залепи едно српско лигле и ми заеба дестина минути.

За лиглето (маме му ебем, друг да ми каживаше…! ), ај друг пат…

Ич кур не ме боли, мој си е блогов, ако сакам и Селимова-Желчески че ги поздравам!!!

More site ve pozdravuvam i to na latinica!!!

ппс: Miopa, дај бе кажи пичка му матер,  бива то со youTube – то, шо го барав пред некој ден или не?…  а не овде категоризации си ми направил, па да има Клинчарскион повод да ме повикува на естаблишмент, елитизам или појма неам како имаше испомешано нешто… ?!?!?!

И Клинчарскио го поздравувам!!!

Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

Би можело да те интересира:

Categories: Разно

Коментирај со Фејсбук:

2 Responses so far.

  1. admin says:

    #
    Екс-Блогмастер напиша:

    Бива, уште малку трпение. 19 Октомври, 2006 – 21:02 | избриши | одговори)

    #
    Beauty напиша:

    Поздрав на кирилица, со песната “Немој на латиница”. Smiling
    19 Октомври, 2006 – 21:11 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    благодарам на одговор блогмастер. 19 Октомври, 2006 – 21:23 | избриши | одговори)

    #
    Fljambur напиша:

    ете и јас сите ве поздравувам на клингонски : ф,фф.
    а за тубиња че си почекаш да се оформи интергалактичкиот конзилијум и да се разгледа сето тоа во центарот – бонче и сетне че вијме…
    20 Октомври, 2006 – 00:57 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    ааааа… вика миопа че биди работава . Влегле клиннглонците во федерацијата и сега му се завртиле на блогерајов… универзумски че го праеле 20 Октомври, 2006 – 01:08 | избриши | одговори)

    #
    Fljambur напиша:

    ко че клат тубе, по нетоф че се телепортират луџево,порно да си почекаме 20 Октомври, 2006 – 01:13 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    хахахах Beauty, ми се фати нешто јазико па на запад ме затера Smiling
    20 Октомври, 2006 – 04:09 | избриши | измени | одговори)

    #
    LOLITA напиша:

    Молам да ме земете и мене следнит пат, I Rock, и тоа не само на клацкалица 🙂 21 Октомври, 2006 – 12:22 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Договорено Лол. И така секогаш имаме едно празно седиште;)
    21 Октомври, 2006 – 14:56 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    ps: Лоли, навистина имаме едно празно седиште 21 Октомври, 2006 – 20:38 | избриши | измени | одговори)

  2. Johnie says:

    Your cranium must be prcioettng some very valuable brains.


Sponsors

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива