Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

Маскарада

Во аголот счучурено молчи една душа и туѓи акорди слуша (пушти).
Во аголот спроти мене счучурено молчи уште една душа… и таа туѓи акорди слуша. (пушти).
Држат по еден инструмент во скутовите и по една маска – го освојуваат просторот. Просторот е личен. Не од лична природа, туку е личен од убавина. Имаше и еден чистач – гланцач на подови. Улогата на чистачот е да ја расипе хармонијата и да ги заплени акордите од двете счучурени души или да им наметне сопствени акрди?!

Мојата душа е една од двете. Не знам која е точно – не сме се сродиле сеуште.

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket
– Што е наградата, мора да има награда, денес никој за бадијала не освојува ништо? – го прашувам чистачот.
– Велиш маскарада се организира?
– Јас не гледам кај е тука маскарадата?
– Што, ќе избираат најдобра маска?

Па повелете господа, мене не ми треба. Во нашата генетска консталација неминовност е кодирање на маската – како кај камелеонот (ако не во друго), тоа е еден пример за нашата еволуција…

– Да ги поткренам нозеве или тука ти е веќе исчистено?

– Аха, така значи – констатирав зачудено.
Ме заобиколи молкум и продолжи да гланца.

Се загледав накај колегата спроти мене.
– А таму зачисти? – го прашувам чистачот.

Не се ни обѕирна и продолжи да го гланца изгланцаното.
Си ги собрав коските и седнав до сродната ми душа. Ме погледна со очи: – седел не седел ич кур не ме боли… и ми ја понуди неговата маска. Мојата и неговата креатура беа исти – две пластични, напудрени квазифаци со по две дупки. Не се думав, а и немав што да изгубам, освен тоа чувствував и потреба да споделам нешто.
Ги разменивме маските. Помеѓу нас остана просторот од бои и тонови кои сеуште не беа почнале да се мешаат. Инструментите ги имавме повторно во нашите раце. Веќе знаевме дека сме едно, требаше само да засвириме. Милината се разлеа исполнуваќи ја празнината помеѓу образите и маските и… би звук (пушти)

Се сродивме – бевме едно. Повеќе не беше важно која е мојата душа, не беше важна ни наградата…

… А кога ќе почне маскарадата? – прашав.

… Или можеби заврши?!

(репринт)
Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

Би можело да те интересира:

Categories: Раскази, Став

Коментирај со Фејсбук:


Sponsors

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива