Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

(Два автобуси се спремни за  Скопје за претставата во Драмски – “Купiдона”.. Тргнува еден –  толку бевме, не собра сите)

….

Терај мајсторе, се забајвме!

Од 20:00 часот  почнувала, а не како што и кажав на милозвучна од 21:00.

Тој, шоферот на автобусот беше едно мртво ладно типче и душата му ја изваде на водачот на патот, за кој неразбрав како го викаа.

Да бе и водач имавме.

Едно симпатично чоече со социјалистички манири, ама не од оние подујаните, туку од оние заблуданите (заебаните) како татко ми, кои веруваа во системот и Југославија.

Пилото (така му бил прекаро на шоферо), зафати од ’84та па наваму и му еба мајката на чоечето цели два часа. Два часа за раскажување на животна приказна на еден шофер кој сакал да стани пилот (ама некојси Салато директор во Билјана го заебал и не му дал, како сегашни 40 000 ден за да оди на пилотска школа) се малку, малку се  па ако сакаш биди махер во кратење.

Ми се погоди да седам одма зад шоферот. Да си кажам право, одпрво муабетот ми беше интересен (пост материјал:), ама жал ми беше за чоечето, па реков ај да се смешам и јас:

– “Мајсторе, дај кажи нешто за патов низ Плетваров, велат опасен бил: кај да намалам, кај да додам брзина, која кривина е опасна и такви ми ти работи”…

И се разврза Пилото…

– Овде е опасно, асфалто е оштетен и фрла десно право во браникон, го гледаш како е искривен… е од ербапи е таков”…

-“Ондека кај кривинана има знак 60, ама треба да намалиш барем педесе оти е непрегледна, а од другана страна ко че одиш најубо е да лазиш оти многу шлепери не знаат да ја фата како шо треба, че ти се испрча со приколицата пред тебе и че се чудиш шо те нашло”…

И тера така Пилото и со автобусот и со муабетот…

Јас и чоечето го слушаме и климаме со главите со одобрување. Арно чоечето седи одкаршија од Пилотот, ама јас, од зад нив, што tuku климам кога никој не ме гледа? (после се лутиме оти не викале мајмуни:)…

Престанав да се правам мајмун, а муабетот зафати од под некој мост на Вардарот (не разбрав под кој мост… се искива еден мајчин од задните седишта како последно кивање да му e… скраја да е..пупупу…) кај што имало најмногу врапци и најлесни биле за фајќање оти биле омаени од неизрамнети притисоци што се јавувале од под мостот и од составот на водата која тука испарувала и останувала…

Некако не ми се веруваше во приказнава, ама од друга страна, Пилотов, ако не го заебел Салато ќе станел вистински пилот, а пилот ти е голема работа: физики, механики, аеронаутики, метеорологии… ворпологии, боргологии, ромулогии и други големи работи…

Боргологии, ворпологии ромулогии?! – сум заспал да му ебам матер.

Ја сонував негледаната епизода од Ѕвездени патеки 5, а автобусот стасал пред Драмски – оној во Карпош. Мака ми беше што не си ја досонував епизодата и што ме разбудија таман кога “Ти Пол” влегуваше во туш кабината, ама ајде, можи “Скопскиве” ќе покажат нешто слично – си се тешев samiot….

Стасавме навреме (возеше Пилото, а не јас).

Претставата почна, како што не почнува се кај нас…

Навреме.

….

“Купидона” (Драмски театар – Скопје)

Името и презимето е Срѓан Јанаќиевиќ (си го искршив јазикот господине, твоето име е тешко за еден прилепчанец)

Со првиот глас на Купидона (Надежда Петровска), летаргијата ја оставив на првото седиште позади Пилотот. Визуелното тешење се оствари. Стрелите што ги исфрлаше од своите (..хм..) гради, продираа од Мајмунот (Сашо Тасев), низ Челик (Дејан Лилиќ) и завршуваа на ред 3 седиште 7. Чинев сам сум во салата, која за жал или за среќа беше полу празна. Челик успеваше да го разбуди човечкото во човекот… Њубац – макрото (Д. С. – Дац) многу умешно не успеа докрај да одолее на предизвикот на љубовта… Купидона вешто ги влечеше обајцата, а и сите други, држејќи ги  за нивното трето око со нејзиниот заносен глас. Опиени од занесот – женски или божји, емоциите потекоа до крв, а крвта го плати данокот на развратниот живот кој не беше нивен избор туку нивна судбина…

Зборот е немоќен да ги кажи моите импресии за панк операта Купидона, во која не го најдов панкерското, а со оперското се среќавам прв пат.

Јас видов курви (раја), макроа (политичари), дилери (пак раја) и мајка (мајки), јас видов ТОТАЛЕН ТЕАТАР.

Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

Би можело да те интересира:

Коментирај со Фејсбук:

2 Responses so far.

  1. admin says:

    #
    nadezna2 напиша:

    Ја гледав Купидона лани, Имаше поента, но не ми остави преголем впечаток. Иако некои околу(среднисти донесени преку училиште на културна наобразба) не го делеа моето мислење, па свиркаа на цел глас, и си отидоа воодушевени.
    Тие сигуно ја сватија поентата-сосем наопаку.
    20 Јули, 2008 – 14:49 | избриши | одговори)

  2. кога сме веќе кај Купидона на @Srgian еве шо сум пишал за претставата на времето 🙂 http://is.gd/7c1BmQ cc @jovanatozija


Sponsors

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива