Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

Коментар или дебата

clipped from vbb.blog.com.mk

Даље, за какви „лонг – терм“ солуции зборуваш? превише очекуваш од еден личен блог. Нит иам идеја што да ти кажам, нит иам влијание на работите, а на крају краева нит сум должен. Да имав ја „лонг т’рм солуш’нс“ сеа ќе бев на Хаваи под сунцобран а не да се објаснувам тука по 100 пути. Ете си пишувам што сакам, што мислам дека е инетерсно и така.

powered by clipmarks

Овај дел од реплика ми остави толку голем впечаток што сето понатамошно анализирање и уоквирување на темите и дилемите кои можеме и сме способни до крај да ги поткрепиме со факти паѓаат како кула од карти. Мене, по интересен ми е мотивот што го натерало блогерот да го изнесе овој став, отколку дали (?) тоа го кажал во немоќ и очај да се дообјасни или поточно соодветно да реплицира. Безброј пати сум се наоѓал во таква ситуација и никогаш не сум се осмелил да ги употребам или да се одбранам со таков коментар. Можеби заради мојата не искреност пред самиот себе или што и да е. Му честитам на ВББ за тоа!

Прашањето ми е:
– До каде сме способни да навлегуваме во расправа, во убедување и во бранење на нашите постови?
– Имаме ли потреба од бесконечна расправа за истите?
– Што постигнуваме, ако се впуштиме во таква дуискусија и бесконечни реплики?

Бидете искрени и кажете дали некој некого убедил на крајот од расправата или сe завршило на „фрлање камења“ или она „ не сме се разбрале, а за исто говориме“.
Мојот пристап кога пишувам пост е темелен (онолку колку што ми дозволува мисловниот капацитет и изборот на темата), но во секој случај  е мој став. Влегувам во коментирање: евентуално ако не ми се прочита правилно постот или да ја насочам дискусијата на вистинско место, а никако во убедување на оној кој ми искоментирал.

Зошто?
Затоа што го почитувам секој коментар, без разлика дали се сложувам или не со истиот.

Или ајде вака:
Што е постот?
Сопствен став или простор за отворена дебата?

Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

Би можело да те интересира:

Categories: Блогосфера

Коментирај со Фејсбук:

One Response so far.

  1. admin says:

    #
    RIBARO напиша:

    имав проблем во едитирањето на постов, па затоа правев измени.. сега е во ред.
    15 Март, 2007 – 04:45 | избриши | одговори)

    #
    КIМI напиша:

    по мое
    сопствен став.
    јас барем се трудам да не убедувам
    никого со моите погледи,
    али и несакам да ме убедуваат,
    тогаш вракам со контра аргументи,
    инаку тука сум да разбијам монотонија
    не да го сменам светот! Smiling
    15 Март, 2007 – 08:40 | избриши | одговори)

    #
    lucija напиша:

    Од двете по малку, односно го изнесуваш својот став а потоа дебатирш, доколку има услови и интерес за дебата.Само кај нас, па и на блогерајов,повеќе се пцуеме и вреѓаме отколку што дебатираме.Се што кажав е мое лично мислење и не мора да се согласите…Поздрав,Рибаро. 15 Март, 2007 – 10:33 | избриши | одговори)

    #
    oksimoron напиша:

    Преку постовите и дискусиите на истите, изнесуваме свои ставови и мислења кои не мораат (а и не можат) да бидат исти со мислењата на другите. Едноставно се кажува своето мислење за дадена тема, без намера да го наметнеме како најправилно или највистинито. Комуникација на идеи, мисли и размисли. Секој има свој агол за перцептирање на ситуациите околу себе, и треба да се почитува како таков – индивидуален израз.
    Дебатите се позитивна работа, се надополнуваме меѓусебно и стануваме побогати со нови знаења. Не мора да се сложиме за се. Важно е дека сите имаме нешто заедничко – желба за комуникација Eye-wink
    15 Март, 2007 – 10:48 | избриши | одговори)

    #
    staromakedonec напиша:

    Што е постот?

    Постот е провокација!
    Со лошиот изостанува коментар а со добриот се развива дебата.
    15 Март, 2007 – 11:30 | избриши | одговори)

    #
    sandraa напиша:

    Епа супер ти е ова напишано и убаво би било кога би коментирале благо кон различните ставови, притоа како што кажа и самиот да се почитува сечие мислење. И да не се користат погрдни и навредливи зборови. А тоа многу често се случува, јас за кратко време колку што сум на блогов, иако кратко време а се изначитав на секакви зборови. На пример кога некому не му се допаѓа коментарот влегува у војна, се користи ” убав и доличен ” речник, па веднаш, закани, па кривични пријави, што јас лично сметам дека е ептен смешно. И овде навистина се влегува во филмови. 🙂 Јас сум за МИР ВО СВЕТОТ и ДОЛИЧНА КОМУНИКАЦИЈА, Флексибилност и толерантност другари мои блогери…Поздрав Рибар 15 Март, 2007 – 16:34 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Кими, Разваљуј Smiling
    Луција, токму тоа е тоа.
    Окси, ни недостасува комуникација, но сепак тераме.
    Старомакедонец, не мора да е точна таа статистик.
    Сандра, мислам дека сме на добар пат до целта, тоа го потврдуваат и овие коментари.
    15 Март, 2007 – 19:30 | избриши | измени | одговори)


Sponsors

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива