Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

Кај Папата

… Каде живее овој мудар батка си се прашав и тргнав на пат да збирам мудрост и скромност од лице место. Стасав како стасав и го замолив да бидам гостин кај него дома. Ме прими. Воодушевен од мојата истрајна голгота низ лавиринтите на себеспознавањето и жедта за мудрост, рече дека дека секогаш издвојува време за далечен роднина на Петре Карпата и дека тој лично ќе ме прошета. Во тој момент – наклонет од пониз пред величината и загледан во калливите рибарски ми чизми, не знаев по која лоза спомнатиот Петре Карпата ми е род, но ми одговараше тоа, па си ветив да премолчам. Сложно – рамо до рамо со големиот мудрец тргнавме во обиколка која водеше низ поплочен тесен пат се до ридот каде што се наѕираше неговата куќа.

Скромен дом имаш бато – му се обратив срдечно додека чекоревме низ неговата градина што мирисаше на спокој и мир со природата и со себе. Во тие моменти можев да заприметам од каде овој мудрец ја црпи сета енергија за така благонаклони и благородни проповеди. Овој човек – светец со безвремени визии, понатаму ме водеше во внатрешноста, но љубезно ме замоли да се воздржам од фотографирање за да не ги вознемирувам спокојот на столетната убавина која на места беше со раскошни мозаици, тешки таписерии, скулптури од мермер украсени со бесценети камења, удобни софи, махагон столови и што ли уште не. Некој лад ми проструи во градите од сето тоа, но од почит не се осмелив да се стресам. Мислам дека го запримети моето нелагодно студенило, но како добар домаќин не изусти ништо.

Во една од одаите беше поставена трпезарија со два стола. Ме покани на гозба. Додека се цедеа соковите од изобилната храна во лакомата ми уста, не знам како издржав да не ц‘цкам бидеќи во забите ми беше застанала една коска од печеното пиле во мед, но со краен напор успеав да бидам пристоен. Предложи да излеземе. Надвор нè чекаше еден чудно дотеран дечко и не упати кон возилото кое исто беше бело. како и облеката на домаќинот.

Овде сè е бело – заприметив!
На неговите усни ја забележав само милната насмевка додека се трудеше да ја игнорира мојата рибарска реа, иако ја имав ставено најновата облека. Бре, да можев да игнорирам јас вака сè што ми сметаше и да го одбегнував секој сомнеж што ќе ми се родеше во простава ми глава, тогаш сигурно немаше да се заберам на волку долг пат бараќи ја мудроста и скромноста, туку ќе си седев во чамчето и мирно ќе си ловев задоволен со сè  и со себе.
Веројатно тоа е патот кој мора секој да го помине за да се спознае – помислив, а колата полека сопре пред перонот бр. 24. Се поздравивме. Понизно бакнав рака, се заблагодарив што ме опули и на заминување сосема нечујно го слушнав како изусти:

– Слушај што зборувам, не гледај што…

Од  мајчиниот рикот на сирената не ги дочув до крај последните зборови на бато Бенедикт и дури се завртив да препрашам, го видов како се изгуби со својата грандиозност накај соседниот перон поставен на спротивната страна, сигурно пречекувајќи некој друг рибар или столар или бравар, па како и мене да му го покажи патот до скромноста.
Тргна возот. По патот се трудев да не ги забележувам гладните дечиња кои молеа за корка од едноставна причина – знаев дека ќе дојде и нивниот ред да го посетат мудрецот и да вкусат од неговата скромност.

Стасав дома. Седнав во чамчето и запловив. Со изветвениот ракав од кошулата што зјаеше кај лактот, го избришав челото од пот – која беше се насобрала дур ги молкнев ноќешните мрежи и подждригнав. Во воздухот  ја сетив миризбата од пилето во мед и решив да живеам скромно и во сеќавања.
Само за едно жалев. Жал ми беше што не ја дослушнав реченицата што ми ја шепна на заминување бато Бенедикт.

Но… што ме натера на вакво патешествие?

Папата Бенедикт 16. ги повика денеска младите да бидат скромни
На миса пред половина милион верници
во италијанското гратче Лорета, римокатоличкиот поглавар и порача на младата
популација „да не ги следат моделите на живот втемелени на препотентност и
успех по секоја цена“.

Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

Би можело да те интересира:

Categories: Раскази, Став

Коментирај со Фејсбук:

One Response so far.

  1. admin says:

    #
    strumjan напиша:

    А бе скромен е он, си ги задоволува само основните потреби! Е сега што неговите потреби не се совпаѓаат со нашите… Туку, реченицава од папата, јас како да чув: Слушај што зборувам, не гледај што пишуваат за мене и мојот секретар! И не му плаќај карта на кондуктерот, шверцувај се! 10 Септември, 2007 – 08:24 | избриши | одговори)

    #
    ЛУДА ГЛАВА напиша:

    затоа не сакам цркви и попови и папа и се што е поврзано со религија! Слушај ме што зборам, не гледај што правам им е прво животно мото. Второ е дојди чиче да ти каже нешто под мантија!
    Лошо, многу лошо.
    Smiling Smiling Smiling Smiling
    10 Септември, 2007 – 08:44 | избриши | одговори)

    #
    Natka напиша:

    И мене истото ми падна на памет кога слушнав како човекот повикува на скромност! Smiling
    Се работи за тоа дека е подобрo младите да немаат големи потребни, да останат скромни долго, долго….
    Верувам и дека за некои млади важи дека треба да бидат поскромни, но дали тоа не значи дека мама и тато не знаат како да ги зауздаат, па бараат мала помош… за некои од нив сигурно.Smiling
    Поздрав РИБАРО
    10 Септември, 2007 – 09:11 | избриши | одговори)

    #
    sting EYE напиша:

    Пинки го виде ТИТО…
    10 Септември, 2007 – 09:30 | избриши | одговори)

    #
    кибицер напиша:

    Некој беше рекол: „колку поблиску до Црквата, толку подалеку од Бога“. Секоја чест на исклучоците.

    поздрав.
    10 Септември, 2007 – 11:28 | избриши | одговори)

    #
    oksimoron напиша:

    Брееееј, еретици едни!!! Sticking out tongue Laughing out loud Smiling
    Слушајте таму шо ви зборат, нуму сал барате модуси како да ескивирате и причини да се оправдате Eye-wink Smiling
    Остајте го папата, нека си греши душа он, вие не паѓајте во искушение Smiling
    10 Септември, 2007 – 19:11 | избриши | одговори)

    #
    поднаместувачо напиша:

    Каков Папа…се сами шејтани се шетаат на земјава…ај анасана!
    10 Септември, 2007 – 20:19 | избриши | одговори)

    #
    strumjan напиша:

    Кој со попој тикви сади ѓаолот му очи вади! 11 Септември, 2007 – 00:35 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    …или поточно: Не претај в лајно да не ти смрдит! . 11 Септември, 2007 – 00:38 | избриши | одговори)

    #
    cOOOklOOOk напиша:

    Шо беше оваа…. 11 Септември, 2007 – 00:47 | избриши | одговори)

    #
    Boxer напиша:

    Не врз неправдата! Сосредоточете се врз умешноста да правите отстапки и ќе биде скромност!Кој рекол? Кој и да рекол,убо сторил! 11 Септември, 2007 – 00:49 | избриши | одговори)


Sponsors

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива