Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

(Ненад му говори на Дејан Лилиќ за улогата на Ојдип во Ојдипус Тиранус Софоклеус, извадок од текстот Ангел – чувар од Зоја Бузалковска; Ненад Стојановски – Споменар)

–   Слушај. Теоретски, јас би можел да ја одиграм оваа улога стопати подобро од тебе, зашто имам огромно искуство. Но, не можам да ја имам твојата младост, ниту пак можам да ја одиграм. Искористија и стареј брзо, во овие неколку недели. Секој треба да ги игра вистинските улоги во вистинско време. Ми беше тешко да сфатам, но сега знам дека мене ми дојде време за поинакви улоги, како Тересија на пример.


–   Слушај. Ако не те гледав тебе, немаше да знам дека еден актер може да ја носи  тежината на двочасовната трагикомедија што му се случи на Фестивалот во Прилеп. Но, не можам да кажам и дека твојата концентрација може да се мери со овоземни мерки. Големината е првиот збор кога се изустува твоето име. Не ми беше тешко уште еднаш да ја потврдам во себе, твојата недостижна уметничка недостижност, но жал ми е за твоите современици – актери или можеби не треба да ми биде, можеби напротив…

(Рибаро му говори на Никола Ристановски за улогата на Дон Жуан во Дон Жуан, извадок од полусвесната подзинатост со која останав за време на гледањето на Никола Ристановски, а и Ирена Ристиќ (барем на дел од неа) во претставата Дон Жуан со име – Жан Батист Молиер и презиме – Александар Поповски).

Фестивалот заврши еве ги наградите

Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

Би можело да те интересира:

Коментирај со Фејсбук:

One Response so far.

  1. admin says:

    #
    le bitch напиша:

    Колку ми е криво што не ја гледав Дон Жуан…
    посебно поради Ристановски… го обожавам!!!
    10 Јуни, 2006 – 01:52 | избриши | одговори)

    #
    Аrwena напиша:

    Никола Ристановски…мммммм…заради него ја гледав пет пати Вишновата градина Smiling
    10 Јуни, 2006 – 01:56 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    секоја му чест на батката, во секој поглед, а вишновата градина не ми е гледана 10 Јуни, 2006 – 02:08 | избриши | одговори)

    #
    Аrwena напиша:

    не знам дали игра уште…своевремено одеше како редовна представа во Театар Центар..играа Никола Ристановски, Мими Таневска, Арна Шијак итн ..знае Чехов да биде малку посебен, ама сепак тоа беше одличен кастинг на глумци… Мими и Никола заедно.. совршенство 10 Јуни, 2006 – 23:46 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    знаеш, ние имаме прилика да гледаме по дваесетина претстави годишно( за време на фестивалот кои не се од пп) и термините се од 20, па од 22 и понекогаш од 24 часот. Ми се случуваше порано да одам да ги гледам сите и таа од 24 одеше жртва, се немаше концентрација, а најчесто тие претстави беа од млади автори или со млада екипа на актери тоа беше голема штета.. 10 Јуни, 2006 – 23:56 | избриши | измени | одговори)


Sponsors

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива