Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

ДИЈАЛОГ во МОНОЛОГ

Седев нарцисоидно пред огледалото во напуштената руина од колиба, која беше опседната со самата себе, а истовремено беше и мое засолниште. Колибата сите ја заобиколуваа. Јас пак, некако се чувствував спокоен тука.

Се прашував зошто?

Кога, однекаде, а како да беа од внатре, слушам гласови или можеби беше еден глас…(..хм..)

ПРВИОТ:       –  Зошто престанав да размиалувам во стихови?

ВТОРИОТ:     – Затоа што стиховите ја изгубија вербата во тебе.

ПРВИОТ:       – Како престанав да размилувам во стихови?

ВТОРИОТ:    - Ја потиснуваше различноста што те двоеше од светот

ПРВИОТ:       – Кога престанав да размислувам во стихови?

ВТОРИОТ:    -Тогаш, кога ти беше тешко да ја пренесеш мислата што ти ги                   стегаше градите.

ПРВИОТ:       – Зошто ми беше тешко  да ја пренесам мислата?

ВТОРИОТ:  -Затоа што сакаше да ја нема, зашто одбиваше да го        прифатиш нејзиното постоење.

ПРВИОТ:      – Не одговараш на поставеното прашање.

– Ајде повторно:

– Зошто ми беше тешко да ја пренесам мислата?

ВТОРИОТ:   -  Затоа што тоа би било залудно потрошена мисла.

ПРВИОТ:      – Не сум задоволен од одговорот.

– Обидисе за последен пат:

ВТОРИОТ:   – Затоа што градите си имаа други планови со мојата мисла.

Затоа што беа жедни за поинаква мисла.

Зато што тоа беше една од последните мисли, а тие го   знаеја тоа.

ПРВИОТ:     – Како е бе можно градите да имаат свои планови?!…А?

ВТОРИОТ:   – Ти што се правиш на удрен?!

А можно е да водиш дијалог во монолог?

Абе се си ебало мајката.

Ти велев да не поставуваш глупави прашања?!

(Краток молк…)

ПРВИОТ:    Се обѕира околу себе – Гледаш сега што направи, оној мутавион што блее пред огледалоно не сети..

А зошто сето ова?

Затоа што си ја изгубил способноста да размислуваш во стихови.

Како некој да го боли кур  за тоа.

Светов отиде у пичку матер, а ти се палиш на шизофренија како млад мајмун.

Оди бе… лечисе!

Бре манијачишта, сакаат да не ебат на здрав мозок!

ВТОРИОТ:     Гледа збунето во првиот:

– А што ти е тебе бе, јас уста не отворив?

Што не ќе слушне човек деновиве.

Сешто.

Тишината повторно ми го врати спокојот. Одразот во огледалото го регистрираше само моето присуство. Ја зедов дневната доза од лекови и прилегнав на железниот кревет, кој си имаше засебна приказна. Имаше право ПРВИОН со неговиот последен коментар – поимислев пред да потонам во еуфоријата од спокојство.

Сподели на:

Би можело да те интересира:

Categories: Раскази

Коментирај со Фејсбук:

3 Responses so far.

  1. admin says:

    #
    le piaf напиша:

    Жештинава ма’а у гла’, знам :-) 12 Јули, 2006 – 00:48 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    да е само до тоа, арно,,,Smiling
    12 Јули, 2006 – 00:57 | избриши | одговори)

    #
    le piaf напиша:

    Арно ќе беше, да :-) 12 Јули, 2006 – 01:02 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    ле пиаф (оф тема). Ѕирни во Археолоскиот дневник на Arwena..Smiling
    12 Јули, 2006 – 01:19 | избриши | измени | одговори)

    #
    gersanina напиша:

    ме помести од место
    баш ми се свиде
    освен завршетокот…
    12 Јули, 2006 – 03:29 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    герсанина, се надевам дека те помести на вистинското место Smiling, а за крајот (…хм…)- морав да го завршам на најбезболниот начин за мене Eye-wink.
    13 Јули, 2006 – 02:54 | избриши | измени | одговори)

    #
    LOLITA напиша:

    Инспиративна осамената колиба како да ја познавам, но соговорникот не е во право, поетот тлее пред да експлодира. Обожавам поетична проза 17 Јули, 2006 – 14:53 | избриши | одговори)

    #
    blogenius напиша:

    Колиба без овчар – ме тера да бидам бобмба и да ја ставам во мислите за да ми експлодира мозокот. 17 Јули, 2006 – 14:56 | избриши | одговори)

  2. @cudesnata eve. go najdov i linkot :) http://t.co/Ht2EVY3K


  • За мене

    Блогот го зеде моментот на идентификација. РИБАРО надвладеа со мојата иницијација. Овде нема заменска именка за реставрација. Се‘ е една глаголизирана сегрегација.

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива