Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

Гордана Јанкуловска

clipped from www.kanal5.com.mk
Скопје, 14 октомври (МИА) – Безбедносната состојба во Република Македонија е стабилна и мирна, изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска во интервјуто за Радио Слободна Европа.
Сепак, вели таа, ценејќи ги регионалните случувања, тука пред се мислам на финалното решавање на статусот на Косово, сите служби кои имаат надлежности во оваа сфера и натаму продолжуваат внимателно да ги следат безбедносните индикации и да ги разменуваат информациите
blog it

После десет дена:

clipped from www.mia.com.mk
24.10.2007 15:55 Еден полицаец загина, а двајца се ранети во напад кај Танушевци. Еден припадник на граничната полиција загина, а двајца се ранети денеска околу 12 часот и 50 минути кај месноста Кодра Фура во близина на селото Танушевци кога врз џипот со кој оделе во редовна патрола пукале засега непознати лица, потврди МВР.
blog it

Горде – чупче, собирај капаните и лепаците и марш по дома!

постирано: (24 Октомври, 2007 – 17:36)

Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

Би можело да те интересира:

Categories: Медиуми

Коментирај со Фејсбук:

One Response so far.

  1. admin says:

    #
    milamoja напиша:

    изјавите и случувањата за зал многу контрадикторни 24 Октомври, 2007 – 17:45 | избриши | одговори)

    #
    кибицер напиша:

    Не само Гордана Јанкуловска туку и одговорните во службите за безбедност да си дадат оставки. Тука пред се мислам на браќата Мијалкови кои раководат со безбедносните служби. Мијалкови не си ја извршија работата како што треба. Ако ништо друго, барем од морални причини да си поднесат оставка. Нека дојде некој кој ќе знае да направи вистинска проценка на безбедноста, а не залутани типови.
    24 Октомври, 2007 – 17:45 | избриши | одговори)

    #
    aleks.bukarski напиша:

    лесно можеше да се предвиди дека ќе се случи такво нешто, откако општиот интерес за тепачките во Собранието наеднаш спласна. проверен начин на заплашување и скренување на вниманието на јавноста. 24 Октомври, 2007 – 17:47 | избриши | одговори)

    #
    TATUSHKO напиша:

    Европа? Нато? Стабилност? Безбедност? Контрола? НЕ. Рејтинг? ДА!! Аматеризам ДА!! 24 Октомври, 2007 – 17:50 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Кибиц, а после кој ќе ни ја води државава, па не мислиш ваљда дека тоа ќе е Грујо? Eye-wink
    Букар, шо не кажа порано, да и пренесевме на Гогица.
    Уствари не знам дали министеркава некогаш фаќала врапчиња, па да ме разбери шо сакам да и кажам со капаните и лепаците. Ај ќе и помогне Бичиклиски, тој ми се гледа како искусен врапчар.
    24 Октомври, 2007 – 18:01 | избриши | измени | одговори)

    #
    JOVANOVIC77 напиша:

    Под итно треба чупето да си оди од оваа функција…се додека немаме стабилни луѓе на вакви важни фунции нема шанси да се избори влез во НАТО на нашава малечка држава…ама НЕМА ДА ДАДЕ ОСТАВКА…. 24 Октомври, 2007 – 18:18 | избриши | одговори)


Sponsors

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива