Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

Глуп/п/ост

Image Hosted by ImageShack.us

„Има милиони блогери низ светот. Секој со сопствен стил и глас, а сепак само некои се издвојуваат од сите. Овие топ батки се придвижувачи и тресачи на блогосферата. Кога тие зборуваат блог-светот слуша. Ова се 50-те највлијателни топ блогери и ако не сте ги знаеле еве ви шанса да ги запознаете“ – northxeast.

Половината од нив редовно ги следам, но има двајца блогери од листата
чии имиња асоцираат одлична поволност за мене. Не дека сум суеверен, но
зошто па да не 🙂

Ако влезиш пак во една површна анализа, ќе се види дека не постои никакво правило за тоа како се станува влијателен блогер во светот. Малку е нонсенс да речам дека истот важи и за нас, барем во сегашнава МБЗ, зашто сме далеку од некакво влијание. Овде мора да му признаам на gemidjy дека е во право за една одамнешна препирка.

Сум си го поставувал ова прашање често. Еве, кажете колку мина пријатели од вашето опкружување читаат и анализираат блог стории? Колку мина се навраќаат на скриените социјално-политички (понекогаш) моќни пораки кои се кријат во навидум сеирџиските текстови и фото постови?
Зошто е тоа така, кај нас:

  • Малку сме… ?
  • Глупи сме… ?
  • Нема народот пристап до интернет… ?
  • Од целокупните домашни случувања нè зафаќа некоја летаргија или уште полошо – апатија…?
  • Подлежни сме на конвенционален афторитатизам од класичните медиуми… ?
  • Блогосферата е разбрана како едно сеир поле за издишување и забегување од реалноста… ?

А?

… Или кур не боли, па и така ние ништо не можеме да смениме.

Кој и да е одговорот на овие прашања, тој е израз на нашето живеење или живуркање, но едновремено – тоа е и одраз на нашиот менталитет и на начинот како ние се бориме и ги кажуваме нашите ставови и стравови. Колку навистина сме подготвени да се избориме за нашиот став и колку сме моќни да го изгониме стравот, е тука доаѓа до израз нашата индивидуална моќ/немоќ. Несакајќи, можеби и тука лежи одговорот на тоа: зошто блогерите во Македонија имаат таква немоќ во целокупното живеење. Ма кој ќе ти знае, ваљда тоа е некоја виша математика со намерно неоткриена непозната која вешто се крие во нашиот несреќно зачаурен генетски код ма колку и да не сакаме така да размислуваме и признаеме.

Дотогаш (а до кога е тоа дотогаш, жити сè?!), ќе си читаме, крадеме, споделуваме, мудрост од светот…
Но, што со таа пасивност и до кога?!
Не дека не се поставиле овие прашања и до сега, но можеби некој ќе постави уште некое прашање… Мора бре од некаде да се почни, па макар и со вака глуп/п/ост!

пс: Не е Супермен секој што лета. Некој е Супербудала, а некој можеби и блогер.

Technorati Tags: , , , , , ,

Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

Би можело да те интересира:

Коментирај со Фејсбук:

One Response so far.

  1. admin says:

    #
    nenad jovanovic напиша:

    RIBARO: Мислам дека нема ‘oпиплива релевантност’ за тоа дали,и колку си моќен или немоќен.Тоа треба да се’ чувствува според твојата (не)посетеност на блогот.Секогаш е правилото:,,Штом има помалку посетеност,тогаш квалитетот е поголем”.Така е секогаш кога и приоѓаш на публиката преку твојот збор – парола – клип – линк или што и да е! Проблемот е кај нас што паметните или интелегентните немаат здружување во вид на ,,бастион” или одбрана од глупавите.Значи: Ако некој мене ме напаѓа – ти и останатите треба да се браниме и поддржуваме.Тоа е суштината на медиумското блог – блогирање. 13 Септември, 2007 – 01:44 | избриши | одговори)

    #
    katika напиша:

    Нешто ми стои дека еднаш негде кажа дека имаш свои луѓе во ОННет….плииизззззззз кажи им да ми го средат блогот, не можам да постирам, да читам пораки, ништо, само може да коментирам……те молам најмногу на свет! 13 Септември, 2007 – 02:13 | избриши | одговори)

    #
    ЛУДА ГЛАВА напиша:

    насловот МНООООООООООООГУ ми се допаѓа, ептен оргинално Eye-wink
    ама пишаното ќе го читамкога ќе се вратам од цивилизација Smiling Smiling Smiling Smiling
    13 Септември, 2007 – 09:56 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Ненад, не секогаш значи ако не си посетен тогаш си квалитетен. И други ми ја спомнуваат таа теорија, но мислам дека тоа е само алиби теорија. Мојата теорија гласи:
    – Ако не си посетуван тогаш си досаден и не знаеш да ја пренесиш мислата пошироко по блогосферата па колку и да си аналитички способен (ова важи за блогери со поголем стаж). И не мислам дека нема здружување. Абе ме ме терај банално да звучам сега Smiling
    За напаѓањата: Секогаш треба да се кажи својот став без разлика дали е позитивен или негативен, битно е да е сопствен и да нема предрасуди. Мене повеќе ми беше мислата за тоа, зошто е толку тешко да се пренеси зборот од блогосферата надвор од неа.
    13 Септември, 2007 – 11:20 | избриши | одговори)

    #
    чајче пијачка напиша:

    Еве, јас ти одговорив колку знам и умеам: http://tealemonandsugar.blogspot.com/2007/09/blog-post.html
    13 Септември, 2007 – 12:09 | избриши | одговори)

    #
    strumjan напиша:

    Сè што лета – го изедуваат! Знаеш ли која мака е да излезеш од атмосферава без да се спржиш? Е, слично е и со блогосферата, барем нашава 🙁 13 Септември, 2007 – 19:43 | избриши | одговори)

    #
    dr. Max напиша:

    Рибаро, како да станеш популарен, прашањето е сега. Читни ТУКА. Тоа е нашата реалност Smiling
    Инаку секоја чест џза насловот.
    18 Септември, 2007 – 14:27 | избриши | одговори)


Sponsors

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива