Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

Возот

Одев.

Не, возот одеше, а јас се враќав од една дешавка која да бидам искрен не ги задоволи моите очекувања. Видов едно чупе-две, но таа што вредеше да се има беше толку чиста во себе што попусто… Е сега, јак беше предизвикот, но некогаш мора да се одолее, не за друго, туку да се биде во тек со ситуација. Јеби га, ако сé секогаш е јасно и лесно…

Се сместив во купето каде мислев дека ќе има приказна. Имаше еден дечко на некои 20 години и еден сериозен господин со 60 годишно искуство, маки… тешко можеше да му се прочита во полумракот. Немав багаж. Со себе носев: чиста совест, ташна во која имав: три книги, една киндер чоколада, еден неотпакован пар гаќи, влажни марамчиња, убаво поминат ден… сé на сé ништо посебно. Седнав на седиштето до вратата од купето, извадив  една од книгите и се правев не заинтересиран за присутните.

Возови.
Ги сакам – спори се.

Обично се користам со таа фора – со книгата, не оти ми се чита книга кога сé се клацка, не за да изгледам интелектуално изгужван или пичкасиматерин  сериозен, ами за да останам не приметен во кибицирањето на околните муабети. Возот тргна, па застана… па тргна, но муабетот во кабината ниту тргна ниту застана. – Маме му ебем го згрешив купето, а башка и на компир манџа замириса – помислив. Веќе во Драчево се укрцаа сосе ужа покуќнина еден млад брачен пар од Десово. Е го ебав чошо и тоа во лет, а веќе беше касно за пишманење.

Арно се токмев да се сместам во соседното купе до една студенткат што ме погледна на поминување која седеше заедно со едно помало чупче во лепршаво бело фустанче, ама тоа – чупчето, си ги одмараше ножињата на седиштето наспроти неа и од пусто незгодно, а и од претпоставката дека покасно ќе се смести тука некој шмизлав што ќе сака да импресионира и да се пренамага пред студентката, се откажав и продолжив. Уф… колку само се заебав што не го разбрав погледот.

Мирисот од манџата почна да копа и колку и да се трудев да игнорирам не издржав. Ја затворив глупавата книга во која ионака блеев и вртев интервално страни колку да не ме сети некој дека фолирам и излегов во ходникот на цигара. Чепкав лево десно низ џебовите, кога, се сетив дека ги заборавив цигарите на масата во кафулето каде лигавата келнерка на Миша му истури на глава цел послужавник со пијачка.

– У пичку матер, останав и без цигари! – прос‘скав низ заби. Се налактив на држачот од долниот прозор и гледав во рефлексијата што насочуваше точно во купето на студентката и чупчето. И кај нив имаше гужва, но за пренамагачот се заебав – немаше таков. Во нивното купе седеа уште три средовечни госпоѓи. Чупчето сеуште ги држеше босите нозе на другото седиште и така малку свиткани во колената оддаваа нималку пристоен поглед(?!) – белиот сатен едвај покриваше една педа од нејзините мазни бутчиња.

Возови.
Ги сакам огледалата во возовите и рефлексијата во ноќта.

Пристоен поглед?
Ма погледот беше феноменален:
Нејзините голи…
Немам намера да…
Ме мачеа само…
Сакав да се престорам во…

Траеше тоа триесетина секунди.

Одеднаш чупчето стана, излезе и се најде до мене во ходникот. Снемав воздух. Во тој прв момент (од дрмосерлак), радо би вдишал од реата на манџата отколку од  шанелот што се разлеа наоколу, но, дробовите брзо ми се навикнаа на коко мирисот. Се обидував да се сконцентрирам на друго… курац – беше појако од мене, курацот беше појак, курот ми беше многу јак и ја диктираше ситуацијата… и мене.
Се ѕверев и се трудев да камуфлирам, а нешто почна видно да ми пулсира на десната слепоочница. Пулсираше инстиктивно и горе и долу и внатре и надвор… Горев!

Беше вознемирена.
Знаев дека јас и мојот поглед не сум причината за тоа, зашто сум ретко заприметлив, а вештачката сериозна маска со која напати вешто се служам ми беше уште еден адут.
Се заебав и по втор пат во иста вечер.
Застана на два метри од мене. Си ја поткасуваше долната усна и се поткреваше на прсти како да сакаше да ја фати свежината на ноќта од која возот се обидуваше безуспешно да побегне, или пак, сакаше во еден здив да ги доловам потпркнатите цициња и голите бутчиња, а при тоа да не мора да користам фото рефлексии и ефекти.
Успеа, барем во една од двете намери.

Сакав да гугнам нешто, ама… Ех да ми беше тастатурата при рака ќе склепав некој кападаиски муабет. Не дека пред монитор е секогаш лесно, но секогаш имаш втора опција, или трета – десна-лева, или прва – г/д/углачка комшивка… Вака, ми набабрија мадината и ми се качија до грклан како два пара крајници. Одвај собрав душа и голтнав јако. Едното маде слезе, другото не се дава. Голтнав уште еднаш, но безуспешно. Се откажав. Мајчини хормони не признаваат години, па ти прави се на удрен и моралист колку што сакаш. Низ ум ми се испревртија сите религии и светци, но никако нивната проповед да стасаат до она место каде требаше да ја скротат ситуцијата – до курот ми.

– Сакаш цигара – ми вели чупчето.
– Сакам?.. Да, да, благодарам, си ги заборавив моите кај…
Ме гледа право в очи. За чудо и јас возвраќам со иста мера.
– Ти смета чадов? – надоврзува.
Не, но..
Ја фрли цигарата на подот и ме замоли да ја згазнам. Се пулев во нејзините голи стапала и го згазнав отпушокот. Тогаш, по големината од отпушокот, констатирав дека поминале цели 5 минути од првиот дим.
– Рефлексијата има двојна насока и можеби можам да ти помогнам со товарот кој невешто се трудиш да го скриеш! – ми дофрли со насмевка додека ја отвораше вратата од купето.
Останав зинат, но немав време за лапање муви. Во моментот додека чупчето влегуваше во купето, излезе студентката во ходникот. Имаше црна пеглана коса, излитени фармерки  и за годините необично искусни очи.
Ме погледна под око и ладно ми вели:
– Триесет!
– Што триесет? – прашав.
– Триесет евра и го добиваш клучот од службеното купе.
– До каде одиш, до Битола, така?
– Но, но…! – почнав да пелтечам.
– Што но? Имаш или не?

Возот влезе во долгиот тунел пред Богомила и ми даде таман време да се соземам. Знаев за што ми зборува, но дилемата ми беше со кого треба да влезам во службеното купе, па затоа се испулив во чупчето кое седнато целеше со погледот кон мене.
– Да бе будало една со неа, па не помисли ваљда дека ќе ме имаш мене за 30 евра, ебате дебил надркан! – се издра , а возот се уште не беше излезен од тунелот.
Не ми се веруваше што ми се случува. Имав само илјада и петсто денари кои ми беа планирани за сметката од мобилниот. Буричнав во џебот и и ги тутнав сите в рака. Се искези, одмавна со главата накај чупчето и на наредниот чекор веќе се разминаа во ходникот.
Го отвори купето:

Босото…
Столбовите поминуваа во мракот…
Држачот од откорнатата корпа и послужи…
И го насукав фустанчето оклу половината…
Колковите…

Возот забавуваше и заедно со кочниците кои цвилеа, крикна и таа и заеднички ја прераскажаа сагата за старите шини и студентскиот живот.

Се стресив, истресив, ме бакна во вратот таков како што бев испотен и наведнат на нејзиниот грб и ми рече:
– Должен си уште триста и педесет денари!

Не реков ништо. Се прибрав некако до моето купе. Тука се уште мирисаше на манџа и застоени муабети од молк.
Не бев спремен да се носам со уште час-два пат. Се симнав во Богомила. Седнав на каменот под дрвото и додека гледав како возот се губи во мракот, се сепнав… ја заборавив ташната.
Жал ми беше за книгите кои беа прво издание со посвета, но едновремено се чувствував радосен и полесен за неколку грама совест од која избегав и олеснат за два-три милиони полноглавци што вешто ја искомпликуваа целата работа.
Навистина ми остана како компензација приказката, но тука беше и не платената телефонска сметка, така да…
Наредниот воз беше по 5 часа, таман време да смислам алиби за изгубениот пар гаќи.
Ја наведнав главата и тогаш – зашто немав сила да ја подигнам, сетив дека сум премален. Успеав некако да го совладам уморот и погледнав напред. Се напнав, ги стеснив зениците и во мракот – од другата страна на пругата го видов чупчето со белото фустанче.
Беше боса. Ја премина пругата и седна на каменот до мене.
– Јас сум Ангелина.
– Дојчин – промрморив.

Нема бегање…

Technorati Tags: , , , , ,

Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

Би можело да те интересира:

Categories: Раскази

Коментирај со Фејсбук:

2 Responses so far.

  1. admin says:

    #
    gersanina напиша:

    ме воспали твојов расказ Рибаре….
    аааах
    5 Јули, 2007 – 13:21 | избриши | одговори)

    #
    ОбиченДечко напиша:

    нема заебанција , 350 денари се у прашање Smiling)
    5 Јули, 2007 – 13:40 | избриши | одговори)

    #
    Емил напиша:

    Четврток! Некој сепак почнал да го исполнува ветувањето! Е, што убаво си се зачитав. И гледај сега повторно да направиш пауза од 3-4 месеци! Eye-wink

    http://www.emilniami.blogspot.com
    5 Јули, 2007 – 13:50 | избриши | одговори)

    #
    seelenluft напиша:

    Сега нема да имаш потреба од оправдување за изгубениот пар гаќи.., ќе немаш пред кого Eye-wink
    Фино, возбудливо, па дури и романтично ми делуваше Smiling
    5 Јули, 2007 – 13:53 | избриши | одговори)

    #
    кибицер напиша:

    возови, перони, забрзани лица, љубови и разделби.

    Убаво пријателе… Убаво.

    поздрав.
    5 Јули, 2007 – 14:06 | избриши | одговори)

    #
    ЛУДА ГЛАВА напиша:

    вери најс мај френд, вери вери најс Eye-wink
    5 Јули, 2007 – 15:36 | избриши | одговори)

    #
    dark Lord напиша:

    Зар не ти ги прости тие 350? Sad

    Што знам, после таков перформанс…

    Ија, што освежувачки пост Smiling
    5 Јули, 2007 – 16:07 | избриши | одговори)

    #
    seelenluft напиша:

    Лорду, дури неверојатно, како може сите машки да не го разберете погледот на женското Sad ?!?
    Мислиш дека по парите се симнала? Eye-wink
    5 Јули, 2007 – 16:22 | избриши | одговори)

    #
    ОбиченДечко напиша:

    ц .. она ти е вонземско суштество пратено на земјата да ги „оцени“ луѓето дали вреди да се остаи планетава да постои или да ја рокнат. Се вратила да постави уше неколку прашања .
    5 Јули, 2007 – 16:25 | избриши | одговори)

    #
    dark Lord напиша:

    Хмммм, абе има секакви. Може и по пари и по уште една тура, знаеш она работа и уживање у исто.

    Сеа ме замисли да ти кажам, срам да ти е. Знаеш, оти кога еден ќе ти рече дека си магаре, ќе му ја врзеш една у бекхенд, али коа двајца ќе ти речат, си купуеш самар…

    Можно ли е стварно да сум толку слеп? Треба наочарите и надвор од пред монитор да ги носам Sad
    5 Јули, 2007 – 16:27 | избриши | одговори)

    #
    seelenluft напиша:

    Што би рекол ти: `гајле ти е`, сите мажи се слепи Eye-wink
    Туку ние кутрите неразбрани жени Smiling
    5 Јули, 2007 – 16:52 | избриши | одговори)

    #
    dark Lord напиша:

    Абе ко што тргнала работава, а искочам да прошетам, треба да си зеам илустрирана книга ТОЛКУВАЧ НА ЖЕНСКИ ПОГЛЕДИ Smiling
    5 Јули, 2007 – 17:02 | избриши | одговори)

    #
    Џаман напиша:

    Одличен расказ, поприлично си се соголил. Smiling
    5 Јули, 2007 – 17:57 | избриши | одговори)

    #
    nenad jovanovic напиша:

    ова е Расказ во кој се докажува колку си мрднат.Малата те исплескала во твоите “конзервативни размилси”.Рибаро,ова е еден одличен пост за разлика од неколкуте преходно,на пр:Еве некоја Блогерска финта!:) кје те искинам ако уште еднаш пишеш таков – никаков пост!:) 5 Јули, 2007 – 20:08 | избриши | одговори)

    #
    Dozgulpmus напиша:

    Алелуја!
    Ќе заборавев дека и ти пишуваш! Smiling
    5 Јули, 2007 – 20:47 | избриши | одговори)

    #
    jasnesumjas напиша:

    Рибаро и „рипката“ 🙂 Убаво раскажано… 5 Јули, 2007 – 20:57 | избриши | одговори)

    #
    jasnesumjas напиша:

    Само што овојпат Рибаро се фаќа во мрежата на рипката 🙂 5 Јули, 2007 – 20:58 | избриши | одговори)

    #
    Бунка напиша:

    A 350-те денари? Smiling
    5 Јули, 2007 – 22:55 | избриши | одговори)

    #
    Ѓоко напиша:

    ПЕДОФИЛ !!! 6 Јули, 2007 – 08:12 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Ѓоко гаѓам те у око… Како заклучи дека совеста му е малолетна жити се‘? :). 6 Јули, 2007 – 10:35 | избриши | измени | одговори)

    #
    Natka напиша:

    Никогаш не сфатив зошто имаш ник РИБАРО, но расказиве ти се прекрасни! Smiling
    Ме наежуваат вакви/овие приказни… судбини, луѓе, ситуации….
    Убаво! Smiling
    6 Јули, 2007 – 11:13 | избриши | одговори)

    #
    oksimoron напиша:

    По шините на совеста и свеста за себе…. возот на копнежите ….
    Многу убав расказ Рибаро Smiling
    6 Јули, 2007 – 14:06 | избриши | одговори)

    #
    Бунка напиша:

    Рибаришче! Продолжение се бара! Ајт! Smiling
    7 Јули, 2007 – 22:32 | избриши | одговори)

    #
    dr. Max напиша:

    Рибару, после тоа на шини а ? Smiling Во живата темница, додека далечните возови пискаа… Smiling
    Како што вика Лордот, многу освежувачки пост.
    7 Јули, 2007 – 23:40 | избриши | одговори)

    #
    istok напиша:

    а како тек и било на Ана Карењина… Sticking out tongue
    9 Јули, 2007 – 02:41 | избриши | одговори)

    #
    Аrwena напиша:

    Познавам некого кој би сакал овој расказ да е вистина. Иако за воља на вистината, веројатно не е далеку од вистината. Smiling

    Археолошки дневник vol.1
    9 Јули, 2007 – 21:53 | избриши | одговори)

    #
    Бунка напиша:

    Ај не го демистифицирај расказов Солзо една. Smiling
    9 Јули, 2007 – 21:58 | избриши | одговори)

    #
    ХулаХопа напиша:

    Хула
    смета дека на овој твој ебан блог …
    треа да објавуеш поише текстои ..

    дури пингвините и ја забораиа свежината
    шо искача од тоа мозокот РИБАР-ов ..
    Хопа …

    приказна во движење …
    со Ангелина босата, у нејзините напливи на погледнати очи …
    и пичето распнато .. меѓу седиштата на импулсивната напредо-назачка бајка на стенкање у просторите оклучени …
    боса тибам … закон
    .
    .
    шо на ова би рекол Оги се прашуе еден обичен пингвин?! ..
    а плус и И дужиш тибам
    ;- () …

    тексчево е закон!
    10 Јули, 2007 – 11:15 | избриши | одговори)

    #
    sting EYE напиша:

    Ух бре рибар…датебам…кај го стави тој банерот во актуелно!?
    Сеа ко ке грабнам…пива пива…ама не е то то….
    Ај де ке мислам дека сум воприлеп….
    Со нашинците….
    поздрав другар…И терајте за мене едно буре пиво…Строго Прилепско (и мешајте со скара – океј)
    Ај
    11 Јули, 2007 – 10:08 | избриши | одговори)

    #
    Окото напиша:

    Убава рибарска приказна.
    12 Јули, 2007 – 00:13 | избриши | одговори)

  2. Keymaster says:

    Супер, благодарю, очень полеpная инфа!


Sponsors

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива