Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

Блог катастар

Image Hosted by ImageShack.us

Кога веќе си ги мериме по цел ден, редно е да се навикниме да бидеме: живи, голи, чисти, не искварени, тазе луѓе од пекарата на блогосферава и да станеме чист – интелектуален материјал без можност на доработка и преработка…
Да манипулираме со сопствената територија или став, без влакна и страв

Како?

Замислата е секој блогер да истакне само еден блогер/ка кој му иди на живец и со кој/а радо би си го „мерел/а“, а истовремено да се потпише позади тоа со име (блог) и презиме (ник).

Одговор од типот: многу ги има, не ми иде никој на живец, не му идам на блог или некоја кохабитација и слични „педерски“ ствари не се признава. Ако не сакаш тука (во коментар), пиши си кај тебе на блог, сеедно.

Еве пример како би изгледал прифатлив коментар или пост:

– Никот Ивица… речиси редовно би го тепал со заушки, чврги, рафали,  или би го дигал на клоца до сто-едно и назад, ако не беше спротивно на законот и нормите за лепо понашање. 🙂
Зошто?
– Не знам бе, мислам дека не е искрен во муабетот, а и не ми треба некоја голема причина за да сетам дека не го бива. Абе дури и линк не ми се става до него.

Од каде ми дојде ваква „деструктивна “ идеа?
– Од придобивките на нашето опшество:

Демократија, лустрација (?), државни тајни и слични (блог) бламажи, искористување на „популарност“, лигушење, лижење, лицемерие… ЛИЦЕМЕРИЕ!

Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

Би можело да те интересира:

Коментирај со Фејсбук:

One Response so far.

  1. admin says:

    #
    КIМI напиша:

    интересна идеја,
    ама после ке треба да излезам на улица!
    ти текнува!
    хахаха.
    искрено незнам од кој крај да почнам:)
    се зезам сите блогери си ги сакам,никои повеке
    некои помалку:(
    20 Февруари, 2007 – 23:23 | избриши | одговори)

    #
    кибицер напиша:

    Интересна идеја.
    21 Февруари, 2007 – 00:46 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Кими, прпа, А? Smiling
    Кибиц..(?)
    21 Февруари, 2007 – 13:50 | избриши | одговори)

    #
    sting EYE напиша:

    Рибар…
    Добра идеја брату…
    Јас прифакам двобој…
    И тоа по сторијата од блогот….Со мерење…
    хахахаахх
    поздрав
    21 Февруари, 2007 – 13:58 | избриши | одговори)

    #
    кибицер напиша:

    еве јас почнав со подготовките. Почнувам да вежбам.
    21 Февруари, 2007 – 14:01 | избриши | одговори)

    #
    волан напиша:

    Хм, хм, … мора да се издржи се во име на демократија на блогерството … друго чаре нема …

    Туку одличен клип напред на постот си ставил … неуморно пронаоѓаш интересни ствари … Smiling
    21 Февруари, 2007 – 14:12 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Стинг, не гледам резултат брат ми…
    Кибиц, насетувам Smiling
    Волан, некои блогери едноставно заслужуваат плес-плес со сета двосмисленост на зборот Eye-wink.
    21 Февруари, 2007 – 15:31 | избриши | измени | одговори)

    #
    Natka напиша:

    Свесна сум дека незнам голем број од блогерите на блогерајов (едноиставно тоа не е можно, затоа што постојат голем број на отворени блогови на блогерајов). но најнепријатна комуникација сум имала со HAMLET-hm (http://hamlet-hm.blog.com.mk/). Искрено не знам низ што се не морал да помине/поминал човекот во својот живот, но нема(ше) пристоен однос.
    Поздрав Smiling
    21 Февруари, 2007 – 15:50 | избриши | одговори)

    #
    lucija напиша:

    „Не би си го мерела “со никого од „технички“ причини а не поднесувам исфрустрирани блогери кога побивајќи го твоето мислење, на твојот или на нивниот блог,сеедно,без причина те пцујат и вреѓаат.„Најнејасни“случаи ми се:еден „момак“ кој си го именувал блогот „Пичките се за ебење“,и една мома што еднаш ми напиша еден нај-фемимнистички коментар на светов,и се потпиша како глупа курва…Поздрав. 21 Февруари, 2007 – 16:07 | избриши | одговори)

    #
    Емил напиша:

    Мене не ми е страв, ниту срам да кажам. Тука дефинитивно на нерви ми оди Кими! А, мислам дека нема потреба да кажувам зошто, оти е доволно да се отвори нејзиниот блог и секому ќе му стане јасно! Е, сега, јас не би презел никакви физички мерки, ами ја ставам на “ignore user”, па нека тера работа.

    http://www.emilniami.blogspot.com
    21 Февруари, 2007 – 16:14 | избриши | одговори)

    #
    Lorin напиша:

    Рибаро ќе ги раскараш луѓето. 🙂 Ај и јас да си кажам што/кој ме нервира. Значи ме нервираат луѓе кои се прават дека знаат се и за се имаат одговор. Значи во секоја една тема они се експерти за се. Јас не се замарам многу да се расправам по блогови за ово за оно, ако имам мој став ќе си го кажам и толку. Не мрчам многу што мислат другите и дали е тоа така или не. Ги оставам да си мислат што сакаат. Непристојна порака сум добила од еден мислам дека беше нешто како Убиец на кокошките или така некако на англиски де … На почеток што и да пишев Калина беше тука да коментира, негативно нормално. Да го наметнува нејзиниот став… Ама се изгуби и она, затвори дуќан и ја снема. Толку од мене. 🙂 21 Февруари, 2007 – 16:38 | избриши | одговори)

    #
    femgerila напиша:

    Мислам дека истата калина (сега под ник Хелоу) ме изнамачи во објаснување на еден пост. Како и да е не ја пцујам многу оти до некаде имаше право: не и го прочитав внимателно првиот коментар и изреагирав со огромни дигресии. ама имав доблест да го признаам тоа! Што е најважно ми укажа на една моја голема мана: паѓам на провокации од глупи луќе. И наместо да ја послушам (убаво ми велеше игнор за такви дебили) јас пак се фатив во замката. Ете ти доказ дека додека не се испечеш самата џабе ти држат лекции. Како и да е благодарна сум и за тоа. 21 Февруари, 2007 – 18:42 | избриши | одговори)

    #
    Бунка напиша:

    Рибар и ти да не си уплашен од лустрацијата, па сега пробуваш да ги раскарап блогериве Eye-wink
    21 Февруари, 2007 – 18:56 | избриши | одговори)

    #
    kicevcanec напиша:

    Јас веќе пукав (http://kicevo.blog.com.mk/node/58895/) иако нерадо го правам тоа, мора да кажам. Али ако бидеме отворени може нема да има потреба за пак. Ја прифаќам идејата, само со усул. Може и посебен блог за ова да се отвори! Поздрав
    21 Февруари, 2007 – 19:02 | избриши | одговори)

    #
    frustrislava напиша:

    е богами ќе мора некој јако да се потруди да ме нанервира на блог Smiling не дека провоцирам, али ипак, ако овде не се испуцаме, каде? Smiling
    поздрав друштво, и без пуцачини, ќе ве молам Smiling
    21 Февруари, 2007 – 19:17 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Ха… има одзив, а мислев дека тапа ќе биди Eye-wink. Јас нема да реплицирам на коменарите без разлика дали се согласувам или не со вашите ставови. И уште нешто: ако сум јас цел на некој блогер (ако му идам на нерви и сака да ме гаѓа со камен и сл.), најискрено замолувам да се јави, ако ништо друго добива еден линк од мене во блиска иднина…
    21 Февруари, 2007 – 20:36 | избриши | одговори)

    #
    dr. Max напиша:

    И мене ме нервира еден блогер. Не знам нешто како рибар се представљаше. Сека па го реновирал блогот па се фура демек као релоудед бил тој рибарот.. Не знам да ли го знаете типов, ама мислам дека блогот му е нешо рибар.блог.цом.мк… Ма не го знаете 100%, ама запознајте го побрзо, оти и вие одма ќе го засак… замразите де! Eye-wink Шала на страна, веќе подолго време спремам еден пост за еден блогер. Не сакам однапред да откривам што како каде и кога, ама че прочитате, здравје боже.
    Кими, зарем ти можеш некого да нервираш? Емил, да не си ја побркал со некого?
    21 Февруари, 2007 – 22:58 | избриши | одговори)

    #
    istok напиша:

    ех…
    се мислам дали да ставам здрава нога у трње,
    што би рекол нашиов народ…
    на за друго, можда е тоа некоја моја погрешна перцепција или сум била можда над*кана, момент… кој трае и трае… Smiling
    22 Февруари, 2007 – 04:20 | избриши | одговори)

    #
    encyclopedia ga… напиша:

    Кога ќе застареш, бесценет блог-пријателе, во „нервирањето“ се случува впечатлива инверзија: работи коишто цел живот те нервирале повеќе не можат да те изнервираат. Просто ти е жал оти е така, ама така е!
    Сега јас ги нервирам. Им се смејам в лице.
    Арно ама, и обратно!
    Но, да не должам.
    Мене ме нервира една млада дама којашто себеси се нарекува ПЕПСИ. Многу ме нервира. Да ми е при рака, само еден Господ знае што би и` се случил!? А, сум тажно немоќен.
    Замисли, таа млада дама пишува (раскажува) како писател од сказните. Мислиш во пакт е со музите. Додека ја читаш лиги ти течат. Од мозокот! Тој ти омекнува, се распекмезува и, од восхит, ти гледаш блескав огномет на ноќното небо. Составен од зборови, нивни неочекувани комбинации што создаваат емоции од кои, потоа, тешко се ослободуваш. Те следат со денови. Особено, ако посакаш да ги заборавиш. Те преплавуваат и едноставно не ти даваат мир. Мислиш земјата го променила смерот на движење. Те прогонуваат…
    Но, да не ти одземам повеќе простор.
    Значи, Пепси многу, многу ме нервира затоа што не пишува почесто.
    Ете, на пример, сега ја нема, речиси, три недели.
    Сега, блог-пријателе, ти кажи: нели е тоа за нервирање?
    Од кожа да си излезеш! Да си пукнеш!
    Срдечно!
    22 Февруари, 2007 – 04:23 | избриши | одговори)

    #
    Lavot напиша:

    Имаше на времето еден цртан филм со уште понацртан мачор наречен Леополд кој во една прилика пред да замине на доктор кој му препорача Озверин рече: „Глувчиња, ајде да другаруваме!“

    П.С. Најголема почит до неприкосновениот чичко Борис Мајсторов….
    22 Февруари, 2007 – 04:26 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Enciklopedia, со твојот избор мора да се сложам и покрај сета непристрасност Smiling
    22 Февруари, 2007 – 13:38 | избриши | одговори)

    #
    femgerila напиша:

    Аааааа и јас можам така! Би ги скршила ог ќотек АСН и Би зошто ги нема повеќе од 2 недели да напишат нешто! 22 Февруари, 2007 – 16:09 | избриши | одговори)

    #
    encyclopedia ga… напиша:

    Почитуван блог-пријателе, еве мал дел од моите фаворити.
    Срдечно!
    22 Февруари, 2007 – 18:55 | избриши | одговори)

    #
    е-lady напиша:

    Се согладувам со Рибарот и со Тебе, а мојот фаворит … ќе го премолчам.
    22 Февруари, 2007 – 19:00 | избриши | одговори)

    #
    encyclopedia ga… напиша:

    Па, до кога ќе молчиме?
    Срдечно!
    Мислам, тажно!
    Срдечно!
    22 Февруари, 2007 – 19:30 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Опа, мора да се уфрлам за да си немаме забуна. Јас со мојот коментар од погоре се согласувам со енциклопедиа со делот каде фаворизира позитивно, а на другото (на линкот) немам коментар.
    22 Февруари, 2007 – 21:53 | избриши | измени | одговори)

    #
    LOLITA напиша:

    ја би се пресметала машки со блогерот у сенка кој страшно ме мрази па не се логира кога ме навредува гадно, ја би да го сретнам, може и да се заштити у маскирно нинџа комбинизонче, само да ми е на бришан простор Smiling
    22 Февруари, 2007 – 23:45 | избриши | одговори)

    #
    Леонова напиша:

    Во принцип не ме нервира никој со Име и Презиме. Ме нервираат оние нелогирани блогери (баш и незнам дали да ги наречам блогери), или само посматрачи, кои оставаат некои бесмислени коментари по постовите, онака, рендомли…или баш и неможам да им ја сфатам шемата.
    Ке имам повеќе да пишувам во следниот твој пост (хехе) ако има таков, на обратна тема Smiling
    23 Февруари, 2007 – 00:01 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Леонова, логичен след на пост би било да продолжам со пост за блог кој највеќе го афирмирате, но нема да си дозволам таков непристоен предлог. Целта на постов ми е да се ослободиме од рекла-казала и да си кажеме кој на што е и зошто, но нема притисоци, на кого како му е воља.
    23 Февруари, 2007 – 16:03 | избриши | измени | одговори)

    #
    Moby напиша:

    браво рибар ,”мој чоек ” си ти за тоа што си ги напишал ! :} абе кога двајца луѓе што не се познаваат + 170 километри оддалечени ќе дојдат до ист заклучок ,значи има вистина во него .

    Ивица , е лицемер ,дволичен и е просто кажано канцелариски пацоф или глушец. Тоа го покажал на многу пати .Тој е само за стерилни дебати и најдобро со модератор кај што никој нема да му упадне на никого во збор и на крајот ќе се согласат а успут и ќе кркнат по некоја дневница.

    не дека се замарам со типот ,дека го спомна .
    поздрав.
    24 Февруари, 2007 – 17:06 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Ми јавија дека сликата на постов не било можно да се види ако користиш explorer,.. Сменив хостинг и сега е можно да се гледа и со глупавиот explorer. Луѓе, инсталирајте Mozilla Firefox, 100 пати е подобра!
    26 Февруари, 2007 – 00:51 | избриши | измени | одговори)

    #
    Sidro напиша:

    Мислам дека не приклдна ти е квалификација за Ивица Боцевски. Сигурен сум дека не го познаваш човекот лично па за да се дрзнеш да даваш такви екстремни квалификации. Во иднина размисли малку пред да пишеш нешто!!
    27 Февруари, 2007 – 14:18 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Sidro, Многу сум внимателен пред да напишам нешто, токму поради вакви мрчатори како тебе. Ако обрна доволно внимание на напишаното, ќе видиш дека пишува „ Никот Ивица… “, што значи против Ивица Боцевски немам против ништо лично, туку имам против неговите колумни и постови и тоа речиси со 90 % од неговите постови (читај со неговите ставови воопшто).

    Тоа што е тотално аналитички не способен, а од друга страна токму таква улога си зема како блогер и колумнист, е‘ тоа е она што иритира и со кое не можам да се помирам. Уствари , не си правилно потпишан (немаш идентитет блогерски или не си потпишан со име) за да ти одделам олку внимание за реплика, но ајде бидна.

    BTW внимателно си одбрал ник (Сидро), ќе мора да си некој од тајфата на никот Ивица… добар предизвик во секој случај Eye-wink
    27 Февруари, 2007 – 14:52 | избриши | измени | одговори)


Sponsors

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива