Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

БлогРол – Пријатели

Еден пријател, пред неколку месеци, го затвори својот блог и најави преселба. Тогаш на мое барање ме извести за новата адреса и ме замоли да не го ставам во блог ролот „пријатели“. Се прашував зошто? Но, еве дел од оригиналниот негов меил:

Vidi vo vrska so linkanjeto. Ovoj blog e po malku ekspliciten i kako takov ne e bas za promocija.
Poradi toa bi te zamolil da ne go pravis toa, tuku kako sto i prethodno ti spomenav, ako smetas deka na nekogo treba da go pretstavis, togas napravi go.
Ili eventualno ako imas nesto da dodades kako polemika po daden post, da stavi vo postot link, no sepak nema potreba da stoi nekade tamu vo blogrol, zatoa sto, nekogas moze da iznesam i kontradiktorni stanovista, na primer, po odnos na tvoite razmisli, pa e potesko da se izrazis, po odnos, bidejki ete u nekoj blog rol sum vlegol.
Znaci se dobiva onoj pardon, a vaka nema pardon, pa ima konstruktivnost, dali vo diskusija ili negacija na stanovista i iskazi.
Иако го почитувам неговиот став, не се согласувам со истиот, зашто сметам дека линкањето во „пријатели“ не мора секогаш да е кочница за конструктивна дискусија. Можеби тоа ќе придонесе да се внимава околу тонот на истата (макар што и со тоа не се согласувам, зашто секој си има свој начин на комуникација), но никако не треба да не одврати од тоа да оставиме експлицитен кометар со кој ќе го изразиме нашиот став околу  зададената тема.

Еве како еден батка во својот пост со наслов: The Importance of Having Friends Who Disagree ја поддржува мојата теза:

Paul Graham says, in one of his essays (emphasis mine) “….Why do you need other people? Can’t you just think of new ideas yourself? The empirical answer is: no. Even Einstein needed people to bounce ideas off. Ideas get developed in the process of explaining them to the right kind of person. You need that resistance, just as a carver needs the resistance of the wood.


In my experience, this need for “friendly resistance” extends to far more than creating startups. Every time you have a new idea, you need people you can bounce it off. To get any real benefit out of this process you need people with a complex combination of characteristics.

They should

  1. have firm (but not rigid) opinions on their own
  2. have logical reasons for those beliefs and be able to articulate them clearly
  3. are driven by ideas and not ideology
  4. not attach their egos to their opinions.
  5. be willing to concede a valid argument even if it forces them to possibly re-examine their beliefs
  6. know how to listen

Зошто го пишувам ова?

Имав потреба од ваква анализа на блог ролот „пријатели“, поттикнат од една скорешна приватна порака од блогер за кого имав сосема поинакво мислење.

Блогерски е да се признае кога се греши, и тоа е она што не дели или што го дели овој медиум од другите. Примерите  за одбрана на ова се бројни, но ајде да не линкам сега, за да не излези дека фаворизирам некого.

Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

Би можело да те интересира:

Categories: Блогосфера

Коментирај со Фејсбук:

One Response so far.

  1. admin says:

    #
    волан напиша:

    За мене рублика блог пријатели е непотребна … Има блогови кои ги читам редовно … некои повремено … и блогови кои не ги читам … Од тие причини јас во мојот блог ја имам исфрлено рубликата на Блог пријатели …
    Ролот може да се самти единствено како алатка за “РСС“ … но за тоа постојат подобри алатки и начини …

    Поздав.
    8 Март, 2007 – 15:18 | избриши | одговори)

    #
    VUJKO-VLADIKA напиша:

    Најпријателска сугестија:Направи нешто да го забрзаш отварањето и функционирањето на блогот.Навистина многупати сум се одрекол од комуникација(коментари) исклучиво поради неподносливата спорост при отварањето на опциите.
    п.с.Ако е тоа случај само со мене,тогаш не мари!ПОЗДРАВ!
    8 Март, 2007 – 15:44 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Темата не ми е дали е потребен или не блог рол, туку кој да се стави во блог рол пријатели.
    Сакав да кажам дека во блог пријатели ги ставам оние блогови кои ме заинтригирале (без разлика дали се согласувам со ставот или не), а не кои само едноставно ги сакам.
    Волан, од тој аспект од кој ти ги гледаш блог ролот сосема се согласувам, но:…
    Блог ролот е еднакво важен елемент и составен дел од блогот како и се друго.
    Еве една причина зошто:
    Кога го отворив мојот блог (на почеток), имаше многу блогови(?) а јас не знаев и физички не се стасуваше да ги читам сите. Мене во таква ситуација ми се најдоа блог роловите на тие блогери кои сум ги начекал и кои ме бендисале. Одев од претпоставка дека тие што се во нивниот блог рол се со иста, или слична тема и начин на размислување, односно пишување и така откривав блог по блог, блог рол по блог рол.
    Ако се земе сегашнава огромна бројка на блогови, тогаш мислам дека е повеќе од потребно да се има блог рол во пријатели.

    Вујко В, и јас иумав проблем пред малку, ама мислам дека сега е ок.
    8 Март, 2007 – 16:16 | избриши | измени | одговори)

    #
    кибицер напиша:

    Пријателите се за дискусија, а непријателите за војна.

    поздрав.
    8 Март, 2007 – 16:26 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Не би се согласил со тебе Кибиц. На блогосферава битно е да се води ВОЈНА на ДИСКУСИИ, а не дискусија помеѓу пријатели, а игнорирање на непријателите (ова условно).
    8 Март, 2007 – 17:14 | избриши | одговори)

    #
    Бунка напиша:

    …Чувај ги пријателите блиску до тебе, а непријателите уште поблиску…(За Кибицер)

    а реден број 3 ми се чини е најбитен, оној за идеологиите и идеите.
    8 Март, 2007 – 17:40 | избриши | одговори)

    #
    dr. Max напиша:

    Рибару – те подржувам. На мене табелата Пријатели првенствено ми служи побрзо да стигнам до блоговите кои што ги читам. Да не ги спомнуваме цифрите на досегаотворените блогови, блогролот е потребен. Не за кичерај или линкање, туку е потреба.

    Бунка – а број 2 ? Eye-wink
    8 Март, 2007 – 20:02 | избриши | одговори)

    #
    l0ssHGzE напиша:

    абе, не сум ти више пријател а? фала фала……. 8 Март, 2007 – 20:07 | избриши | одговори)

    #
    Бунка напиша:

    И 2 Др.Мр, ама 3 е поонаков де.
    8 Март, 2007 – 20:08 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Лошо газе, немој да шириш дезинформации и погледни подобро Eye-wink
    8 Март, 2007 – 21:04 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Докторе, Бунка, абе некако подеднакво битни се сите, ене на пр. под број 4 мене ми е закон 8 Март, 2007 – 21:37 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Упс.. избришав неколку коментари по грешка, се извинувам 9 Март, 2007 – 02:53 | избриши | одговори)

    #
    dr. Max напиша:

    Како мојот на пример Smiling
    9 Март, 2007 – 03:49 | избриши | одговори)

    #
    darko156 напиша:

    Блогролот е многу повеќе од листа на блогови кои може да ти послужи место рсс читач. Едноставно тоа е делот од твојот блог каде ти ја искажуваш твојата припадност кон некоја заедница, твојот интерес, твоите извори на информации и ставови, твоите идоли и ред други работи.

    лично искуство: блогот комуниакции се наоѓа на неколку интернационални блогрол листи на блогови кои мене многу ми се битни. Луѓето виделе дека ги читам или линкам, и дошле на комуникации и не разбрале ниту збор од напишаното, се разбира освен цитатите на англиски. НО веројатно од нив, и се разбира од блогролот можеле да ги видат моите теми на интерес и да одлучат дека мојот блог заслужува да се најде на нивната листа.

    Од друга страна пак има и многу популарнио блогови кои неамаат блогрол а сепак се многу важен дел од мрежата.

    Нема правила, ама се си има своја фунција и значење. Која ќе биде улогата на вашиот блогролл зависи само од вас.

    И да, на темата пријатели непријатели го подржувам Рибаро. Smiling
    komunikacii
    9 Март, 2007 – 13:31 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Дарко,
    Околу тој рсс читачот имам негативен став, ама немам капацитет на таа тема за да го до крај образложам. Можам едино да се вметнам со дискусија во коментар. Можеш ти да пишиш за тоа како експерт за нови медиуми. Многу луѓе не ни знаат што е тоа.
    9 Март, 2007 – 17:08 | избриши | измени | одговори)

    #
    LOLITA напиша:

    Ме вади од кожа кога магазински ориентирани автори кои ја разбрале својата улога како воспитна, мешаат жанрови, спорат и ги анализираат делата на одредени уметници кои постираат литература, а не политички или друг вид на општествени ставови, и притоа овие поучувачи со психијатриски склоности, ликовите во тоа дело ги поистоветуваат со писателот и ги корегираат нивните чувства како се да спаѓа во онаа книжевна гранка на дела од типот “Како до поздрав Живот” или “Како да Станеш Богат за 100 дена”, и советуваат како истиот не е во право и треба да се поправи 🙂 Секоја чест на оние кои успеваат да дадат книжевна критика 10 Март, 2007 – 20:01 | избриши | одговори)

    #
    darko156 напиша:

    Еве за да не ме критикива Лолита пак, не се правам паметен. и нема да попувам Smiling

    RSS водич на наглиски

    Што се RSS News? на македонски BBC „пропаганда”

    RSS? пак на македонски DW „пропаганда”

    komunikacii
    12 Март, 2007 – 21:52 | избриши | одговори)


Sponsors

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива