Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

Околу двојните аршини на нашите политичари е банално да се дискутира, но кога таквата појава ќе го зарази и оној интелектуален капацитет кој (треба) претставува главен коректор на политиката и е одраз на интелектуалната сила на државата, е тогаш мора да се алармира дека нешто е ептен труло во Државата ни Македонска.

Ќе се позанимав со професорката Ванковска и нејзините двојни аршини кои се однесуваат за  македонската блогосфера.

Одиме со ред:

Ова е апелот на  професорката Билјана Ванковска  до Shepard – постирано на 30 јуни 2006, а се однесува за иницијативата наречена „Жолт Картон – не го заслужувате нашиот глас“ потпишана од група интелектуалци за бојкот на парламентарните избори 2006… (едниот аршин на Ванковска):

clipped from vuna.blog.com.mk

Еве што ми пиша професорката Ванковска, еден од иницијаторите:

[…] Proglasot, za zal, nemame pari da go objavime vo site dnevni vesnici, tuku ke odi samo vo utresno Vreme. Lobiram preku albanskite potpisnici da bide objaven albanskiot prevod vo Fakti ili Lajm. Angliskata verzija ja isprativ do diplomatskite pretstavnistva, no i do moi kolegi od stranstvo. I tuka nekade zapiraat moite sili… Ako mozete vie da pomognete preku vaseto izrazno sredstvo – blogot – samo povelete… Samo denes do mene stasa uste nekolku novi iminja i steta e sto ne mozam da gi vklucam. Duri sega gledam deka mozebi trebase za vakvo nesto da razmisluvame i reagirame mnogu porano… […]

powered by clipmarks

Многу јасно пишува како професор доктор Билјана Ванковска бараше помош од како што вели  „нашето изразно средство“(?) во моментите кога тоа и беше потребно за да се инволвира или во најмала рака да го артикулира својот став преку истата.

Но, да одиме понатаму:

Ова е вториот аршин – дел од колумната на Ванковска во фокус пренесен од КНСИС, каде  професор Ванковска вели:

clipped from knsis.blog.com.mk

… Апсолутно е точно дека дека нашата македонска блогосфера е минијатурна, заради разбирливите објективни ограничувања, но запрепастува еден друг факт: како се има толку време за трошење енергија на непродуктивен начин? Да не бидам погрешно сфатена, не мислам дека не е продуктивно да влезете во дијалог со другиот, па таман и да разговарате и за времето. Меѓутоа, овде ја имам на ум повеќе мислата за чудното бегство од стварноста, затворањето во еден виртуелен свет, кој дава бескрајни можности да се празните, да полемизирате, да се претставувате како некој ( подобар ) друг – а сето тоа да нема ама баш никаков ефект на средината во која живеете! Блогосферата може да биде вежбанка за демократски јавен и отворен дискурс, но ми се чини опасна ако стане цел за себе.“

powered by clipmarks

Ајде сега да ги поврзам двете гледишта на Ванковска и да ја прашам:
– А на кого тоа сакавте да влијаете ценета професорке пред изборите 2006 година? На која лепеза од ликови скриени позади прекари, тогаш имавте намера да им наметнувате „интелектуалност“? На овие чудаци што бегаат од стварноста така што се заробуваат во виртуалноста која дава бескрајни можности за  беспредметно празнење кое од друга страна не дава никаков ефект во стварност, А?  На кои заморчина вие професорке сакавте да практицирате демократија кога ние овде само го користиме блогот како мизерна и ништожна вежбанка за демократски јавен и отворен дискурс, А? На една багра блогерска, која може да биде водена како на кого од вас интелектуалци ќе му притекни?!  Не, не сум вулгарен, само ги вадам зборовите од вашата уста – погледнете погоре што сте напишале во колумната на Фокус.

Понатаму, на едно место прашувате: од каде време?
– Па вишокот се јавува како резултат на „исцрпната ангажираност“ на  вашиот  интелектуален потенцијал насочена да ни овозможи да го валоризираме нашето време и знаење. Уствари, ние постоиме за да не ви овозможиме да не заробите во бескрајниот круг од кој ќе не пренасочувате за да  не искористите како  стара крпа во зависност од ситуацијата и од вашата потреба – ако веќе сакате да бидиме директни.

За разлика од некои други, мојот вишок на време (блогот) ми овозможува фактографски да детектирам различни аршини од исти интелектуалец драга професорке, а вашето драгоцено време ќе ве молам, друг пат, да го искористите за вашите не јасни сеќавања за тоа што сте го барале пред неполни 6 месеци или поточно од кого сте барале тогаш поддршка.

Но, сите ние си стоиме позади кажаното, нели, со таа разлика што моето мислење на проС рибаро не се зема за сериозно, а вашето ценето перципирање на опшеството, факторите кои влијаат за курсирање на истото, а тука и влијанието на медиумите следствено и блогосферата, се зема како една рамка во која се движи општото јавно мнение. Но, внимавајет, тука (во блогосферата) има будали кои во 4:00 наутро ги перципираат тие дубиози во вашите ставови.

Жално  или поточно – смешно е што некој (се надевам несвесно), бара вие да ги препознаете вистинските квалитетни македонски блогови, а не да го земате примерот на младиот и надежен писател од блогосферата и при тоа жали дури за вашата погрешна процена и моли за преиспитување. Да ви кажам право за малку ќе се удавев во сопствените солзи пролеани како резултат на вашата погрешна процена, малтене ќе ме носевте на душа, налет да се сторите и ти и блогерот.

Уште нешто:

– Секогаш можете да се извините професорке, ние овде практицираме и да простуваме.


ПС: Мојот тогашен став околу апелот на Ванковска до Shepard за иницијативата на интелектуалците за бојкотот на парламентарните избори 2006 г. можете да го најдите тука (во коментар), но тоа не е тема на овој пост.

ППС: Извинете што не ви персирам во насловот професорке, но ние овде сме скриени ликови позади прекари, па внимавав да не се почувствувате дескриминирана.

(објавено и во Фокус бр. 613 под наслов: Блогосферата возвраќа)

Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

Би можело да те интересира:

Коментирај со Фејсбук:

2 Responses so far.

  1. admin says:

    #
    VUJKO-VLADIKA напиша:

    РИБАРе ,верен ДРУГАРе!
    Не мари многу што вака почнувам оти навистина те чувствувам за близок.
    Навистина ептен ме бендиса темелитоста и сериозноста со која го имаш пишувано овој пост меѓутоа стварно најрадо сега би долетал во Прилепо твој и би ти ја тргнал тастатурата од пред раце оти на пат си грев на душа да си товариш.Зошто?!Или КОЈ си пак ти (демек, јас ВЛАДИКАТА) да те чувам од самиот себе.Е па затоа што ептен во детали ја знам генезата на тој проглас а самиот не фигурирам на тој список на потписници.Туку за да не станам заморен за останатите коментатори еве само ке подвлечам -ПРОЧИТАЈТЕ ГО ВНИМАТЕЛНО ТЕКСТОТ НА АПЕЛОТ И КОЛУМНАТА ВО ПРЕДПОСЛЕДНИОТ БРОЈ НА ФОКУС и тогаш најискрено ќе ви појаснам некои многу важни работи и за Б.Ванковска и за нејзиниот вистински профил .НЕ залетувајте- „ко бога вас молим “ !!!
    20 Март, 2007 – 05:38 | избриши | одговори)

    #
    istok напиша:

    знаеш…интелектуалците кај нас се некоја аморфна категорија која сеуште завзема страна под притисокот на разни предрасуди, трули принципи и некакви па скоро апсурдни морално-етички норми, оптоварени со традиционалните стеги (чест на исклучоци).
    ова е место кај што е невозможно да постојат авторитети и ако не може некој да се помири со тоа, тогаш подобро и да не “троши време“
    20 Март, 2007 – 05:42 | избриши | одговори)

    #
    oksimoron напиша:

    Издржана критика Рибаро. Добра опсервација на манипулацијата Eye-wink
    Ние егзистираме во витруелноста зашто реалноста ни е пребукирана од луѓе кои сал зборат, а не слушаат. И, тоа е наш избор. Наш начин да кажеме што имаме за кажување. Е сега, сакаат да ни го омаловажат и тоа. Губат време на нашето губење време.
    Инаку, и тогаш кога се пушти апелот за бојкотирање на изборите, сметав дека се манипулира со луѓето. пази, тогаш овие виртуелни ликови, никови и псевдоними, беа третирани како реални личности со име и презиме, со адреса на живеење и пред се – со право на глас на изборите : Право кое Ванковска перфидно се обиде да им го одземе (пречкртувањето на избирачкото ливче е токму тоа-откажување од правото на глас и избор).
    Се прашувам зошто толку енергија се троши за дикредитирање на Блогосферата? Кому смета тоа што некој одбрај да издвои време и да си пишува на блог за личните интереси и ставови?!
    Поздрав Рибаро, и у 4 саат изутрина си во полна концентрација Smiling
    20 Март, 2007 – 07:27 | избриши | одговори)

    #
    Hammer напиша:

    Ванковска одувек ми била многу сомнителна, суетна жена, која знае само да критикува, да дели лекции. Иако моите дома редовно земаат Фокус, неа не ја читам, поради тоа што знае само и само да сере. Другите у Фокус не се толку затуцани, шо би се рекло. П.С. Околу тоа со прекарите-професорката не е во право, и така се постигнува влијание, не ја сфаќам. Ако сака некој да не контактира, сите оставаме меилови, така? 20 Март, 2007 – 08:47 | избриши | одговори)

    #
    Natka напиша:

    Можеби треба човек да има блог, за да научи/види/разбере како изгледа тоа, да бидеш овде, во овој “чуден” свет. Smiling
    20 Март, 2007 – 09:57 | избриши | одговори)

    #
    Jakov напиша:

    Мислам дека не ја разбравме Билјана Ванковска. Она не е против нас, она нема лошо мислење. Дури и самата би станала блогерка, само и само кога би имала солидно информатичко познавање, кога не би имала толкави црвени нокти кои и се заглавуваат во тастатурата и само и само кога не би имала рачно плетено миленце на мониторот.
    Се понатаму кажано за неа мислам дека е непотребно дигање на нејзините акции. Не за друго колку повеќе коментари толку повеќе Google ќе ја наоѓа насекаде. Eye-wink
    20 Март, 2007 – 10:03 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Вујко В, нема потреба да ме „чуваш од самиот себе “ ќе преживеам и без тоа. Не прифаќам никакви сугестии или рамковни генерализирања за карактерот на Ванковска и нејзините капацитети и скриени намери. Јас во постот говорам со факти, а ценетата професорка нека повели да ги побие… и поштеди ме (овде) од појаснувања и просветлувања за нејзиниот профил. Ќе нагласам уште еднаш: Ванковска нема никаков морален кредибилитет (со оглед на фактото дека има два аршина во временски интервал од неполни 6 месеци) да ја суди и генерализира македонската блогосфера… тоа е толку јасно погоре објаснето!
    20 Март, 2007 – 12:11 | избриши | измени | одговори)

    #
    lucija напиша:

    Во оваа наша мајковина, најприродно е и најнормално луѓето да си ги менуваат ставовите…дури и преку ноќ.А што се однесува до слободното време,откако дигнав раце од конкурирање за работа и одење на дебилни интервјуа,го имам на претек,па јас како и секој друг бирам каде и како ќе го трошам… Бегањето во виртуелниот свет,значи дека не ни чини овој другиот.И фала богу што она што го пишувам нема да има ефект врз средината во која живееме,оти срединава ни е преполна од фаци кои само ако мочнат или си го исекнат носот,прават (д)ефекти од невидени размери. Поздрав. 20 Март, 2007 – 12:17 | избриши | одговори)

    #
    VUJKO-VLADIKA напиша:

    Како беше вицот за Македонскиот дел од пеколот?!
    Некои велат од злоба и завист
    а мене ми се чини од -пуста мрза и глупост.
    -Само не велете дека не ви било кажано-
    20 Март, 2007 – 12:36 | избриши | одговори)

    #
    nenikola напиша:

    Прати им го целиот пост во Фокус, да го објават како писмо од читатели. Јес да се тотално тапа за интернет како редакција, немаат ни сајт, само имејл fokuspress@yahoo.com. Или подобро јави им се на 3232773. И стај ги на CC Форум Плус и Неделно Време, нивните главни конкуренти. 20 Март, 2007 – 12:47 | избриши | одговори)

    #
    DULE VARVARINOT напиша:

    Браос рибар, апсолутно се согласувам а ова ти е еден од најдобрите постови.
    Поздрав
    20 Март, 2007 – 12:50 | избриши | одговори)

    #
    Daljinsko напиша:

    Е па рибар, одлично наместен мамец на јадица! Добар улов.
    А нашиов свет овде – па супер ни е Smiling
    20 Март, 2007 – 14:54 | избриши | одговори)

    #
    VUJKO-VLADIKA напиша:

    АЈДЕ НАМЕСТО ДА СИ ИГРАТЕ СУДИИ ПОВЕЛЕТЕ НА МОЈОТ БЛОГ ПРОЧИТАЈТЕ ЈА КОЛУМНАТА ВО ЦЕЛОСТ , ПА АКО И ТОГАШ ОСТАНЕТЕ НА ОВИЕ СТАВОВИ ни Господ Бог нека(ама нема да..) ви е на помош!!!
    20 Март, 2007 – 15:03 | избриши | одговори)

    #
    jurak OT petrof напиша:

    Цццц.
    Аплаузи. Симнувам капа.
    Би сакал и една сукња, но..
    20 Март, 2007 – 15:05 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Вујко, а што мислиш ти, дека јас се врзав само за текстот кој го издвоил КНСИС? Точно е дека постов е потцртан за Мак. Блогосфера, но тоа е зашто несакав да си играм прескакулица од тема на тема како што тоа го прави проф. Ванковска во колумната итн (Можи да следи антиколумна на нејзината колумна во целост, но некако премногу сум изреволтиран што успеа мојот креативен потенцијал да го пренасочи во вакво препукување.. и истовремено да ми останат извонредни литературни текстови по блогови непрочитани и мои нереализирани, само заради мојот револт и неможност да се сконцентрирам на она за што сакам јас) Е тогаш Вујко, тотално си ме потценил и се чувствувам навреден… Ако се чудиш од каде толку лош резултат во твојата „регрутна школа“ сега е време да престаниш. Мора бре вие луѓе од друго време да се научите дека времето на афторитети е поминато! Мора да научите дека ние овде се бориме за слобода на мислата и зборот… Но, прочитајте ја колумната на мојот пријател Џам (линкот го има горе каде што завршува мојот пост – во тракбек) и ќе видите за што ми е зборот.
    20 Март, 2007 – 15:38 | избриши | измени | одговори)

    #
    Емил напиша:

    Морам до некаде да се сложам со втората изјава на Ванковска. Блогосферата се преполни со junk блогови, кои непотребно трошат енергија. Земи ја за пример Кими. Секој ден пража по неколку поста, а во нив кажува како го испила кафето, кога ја сменила влошката и слични работи. Се отвораат блогови посветени на „ВолшебничкиЌ, на „Изгубени„, а сето тоа е само ископирано од сајт на некоја телевизија каде ги има содржините и е додадено некое видео, исто така преземено од некој сајт. Имаш блогови кои постираат десет текстови едно по друго, а тоа е од она што го нашле по весниците. Едноставно кретивната идеја, поврзувањето и спротиставувањето врз основа на ставови, давање придонес до развивањето на општествената, културната, социјлната, социолошката, сексуалната и секоја друга идеја, е речиси невозможна зашто не можеме да се видиме кој што напишал и што сакал да рече, а сето тоа заради небулозните постови. Мене ми е глупаво што читам само неколкумина, зашто знам дека навистина има што да кажат. Останатите ми се невидливи. Пред малку нешто слично напишав и кај Џам. А, за компарацијата што си ја направил, секоја чест, оти е убаво да се види „краткиот спој„ што го имаат луѓето.

    http://www.emilniami.blogspot.com
    20 Март, 2007 – 15:52 | избриши | одговори)

    #
    Караџа Бошко напиша:

    На седница на советот на Филозофскиот факултет, замал збор еден професор од институтот за филозофија и набргу грубо бил прекинат од колега од институтот за Одбрана со зборовите: Аман бе колега воа филозофиве само филозофирате! По што навреден колегата возвратил: Да бе колега, па вие од ОНО само онанирате! По што настапил гласен молк во салата.

    Па таквите ко Ванковска од ОНО можат да си онанираат колку сакаат на блогорегијата, но последното чисто место овде во Резерватот ќе остане такво поради природата на медиумот, а не поради заложбата за редефинирање на капацитетите на блог-реферирачите!
    20 Март, 2007 – 16:20 | избриши | одговори)

    #
    Бунка напиша:

    Јас еднаш во еден пост нашите медиумски извикани интелектуалци и академици(со на една рака изброени исклучоци) ги опишав како ноеви кој постојано и постојано си купуваат песок во кој ќе ја закопуваат нивната глава се подлабоко, додека живи не се закопаат…најтрагично е што се мазохисти, сами се закопуваат.
    20 Март, 2007 – 20:14 | избриши | одговори)

    #
    ХулаХопа напиша:

    Идеата на блогерај ги надминува интелектуалние размислувања на колумнистите …

    Ударите врз блогерај се всушност бумеранг за тие шо напаѓаат … а напаѓаат колумнисти од весници … Зошто? Бидејки ја сваќаат идеата дека ја губат битката! .. Ова е предупредување за сите надворешни играчи, да не го напаѓаат блогерај пошо ќе им се врати на глаа!

    Ванковска не треба да биде колумнист … Не е јасно кој ја чита чоече! …

    Дали држи или не муабетот у шо е претворена сверата на блог делувањето е друго …, но пингвинот почитува што поголема разноликост па била и патетична глупа моронска дебилна свежа или луцидна или пак неартикулисана и други срања … генијална и преобразувачка …

    ај здрао
    20 Март, 2007 – 20:45 | избриши | одговори)

    #
    волан напиша:

    Касно се вклучувам кај тебе на твојот пост … вече коментирав кај КНСИС
    … и подоле ке направам копија на коментарот од таму … Иако имаше многу коментари и кај тебе и акј него – моето мислење останува исто …

    Вистината скоро секојпат кога има различлни мислења е некаде на пола пат … Добро и јас не се сложив со мислењето на Ванковска … но …

    #

    Македонската научна и политичка јавност се љубоморни на блогерите …

    Нашите најеминентни професори уште си ја бараат Љубица – онаа од рекламата за компјутерот … Smiling Види само кој е член на академијата на науките … и колку се тие Интернет отворени и писмени …

    Тоа е едната страна од медаљата – од друга страна се вклучуваат во проекти само ако имаат дебела финансиска корист … Се чудат на тамо некои кои се вољни да прават анализи без никаков надомест … Се пикаат само во НВО-а кои имаат дебела подршка или од Владата или од некоја странска фондација …

    На професорите им препорачувам своите трудови бесплатно да ги објавуваат на интернет – на свои сајтови – зошто не и блогови – бесплатно е на пример … или на сериозниот интернет проект наречен – “Google Scholar“ … За значењето на “Google Scholar“ .. “нека прочитаат тука“ …

    За старт го индекситав името на професорката во Google Scholar и што нема ниеден труд ставено тука … таа оди ли на конференции во светот или само оди по НВО-а каде дебело ја наплаќа својата елоквентност …

    Е добро еве конечно ке признам и ке го повлечам последниот остар коментар каде велам дека ја нема на Google Scholar … Ја индексирав со латинично име и “резултатот видете го тука“ …
    ……………………………………

    Ако има линк за написот за кој зборуваш – сподели го со нас … за изворно да прочитаме за што се работи … мада и со ова малку што си го навел се гледа поентата …

    А политичарите се претежно луѓе – тешки партиски војници и ли**чи на нивните пртиски лидери … и нормално е дека од нив не очекувам да ја разберат блогосферата …

    Иднината на блогосферата е во младите блогери – кои барем од школо или од факултет имаат контакт со интернетот – кој сеуште е мислена именка за голем дел од македонскиот народ …

    Иако не беш најволно – единствено новинарите ја прифатија блогосферата како реалност … Добро меѓу блогерите има и доста новинари – кои ја промовираат блогосверата во медиумите каде делуваат …
    (волан 19 Март, 2007 – 20:12 | измени | одговори)
    21 Март, 2007 – 02:20 | избриши | одговори)

    #
    Lavot напиша:

    Убаво ја прочитав целата колумна кај вујково владика и покрај тоа што мислам дека Ванковска не се снашла баш најдобро во погледот кон блогосферата, би можел да ја оправдам бидејќи мислам дека секој што ќе се сретне со блогосферата преку Буцковски ќе го има истиот или сличен став… Па што да каже човек плус за таков серко?
    21 Март, 2007 – 02:54 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Мислам дека малку се расплини дискусијата, мојот пост е конкретно врзан за две контрадикторни изјави на проф. Ванковска во однос на блогосферата, но… 21 Март, 2007 – 03:08 | избриши | измени | одговори)

    #
    katika напиша:

    I’m impressed…….значи Ванковска откачила а….климактериум би можело да биде….брзо менување мислење, гледање од висина на останатите, жешко и е гарант, што значи нервозна е…да секое влакно на главата и е на свое место ама дали и внатре е се на свое место….и да се разбереме еден период ставрно имаше блогери кои од блог-сцената правеа chat, ама лека полека па и да ги нема! 21 Март, 2007 – 03:22 | избриши | одговори)

    #
    кнсис напиша:

    Рибаро, каде во текстот виде дека нешто молам и барам од професорката? Излегува како да сум го напишал постот лично до неа, што всушност нема врска. Ако беше адресирано до Ванковска ќе и пратев меил или писмо до Фокус. 21 Март, 2007 – 03:59 | избриши | одговори)

    #
    Ribaro nel. напиша:

    КНСИС
    Твојата реакција на колумната на Ванковска е сама по себе адресирана до неа. Тука се обидуваш да ја корегираш за нејзините заблуди, а низ целиот пост, а посебно низ коментарите јасно е дека сакаш да ја релативизираш погрешната процена на Ванковска. А со оваа твоја изјава:
    – „Ми се чини дека проф. Ванковска не ги открила вистинските квалитетни македонски блогови, а како репрезентативен примерок го зема младиот и надежен писател од блогосферата.“ – го потврдуваш тоа.
    21 Март, 2007 – 04:24 | избриши | одговори)

    #
    Tetoviran напиша:

    де ве молам ако сакат да дојдете на мојот блог пошто сум нов а вие би биле совршен читач 21 Март, 2007 – 15:18 | избриши | одговори)

    #
    Ловџија напиша:

    Абе не тук западвите ногу ногу,тро критика и пукат балонот од суета.Пак се бориме за слобода на мислење,море море,за слобода за тропање шо било,море,море!! 21 Март, 2007 – 17:51 | избриши | одговори)

    #
    кнсис напиша:

    И каде виде молење или барање? Посочениот цитат е само моја констатација. И воопшто не сакам да релативизирам никакви процени на Ванковска. Луѓе, ама погрешно сфаќате. 27 Март, 2007 – 01:01 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Твојата „констатација“ (како што јас ја прочитав) блика од молежливи барања и немам повеќе намера да се објаснувам. 27 Март, 2007 – 17:48 | избриши | измени | одговори)

  2. Да не и дозволиме на Биљана Ванковска повторно да ја манипулира јавноста http://t.co/iwJsmG9


Sponsors

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива